Левица: Ковачевски и Спасовски ќе земаат апанажа, иако Уставниот суд ја укина

February 22, 2024
1 min read

Помина помалку од еден месес откако екс-премиерот, Димитар Ковачевски и екс-министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не се на функција, а веќе вчера стигна вест дека во следните 12 месеци ќе земаат плати – апанажи од над 150.000 денари бидејќи мнозинството во Собранието им одобри апанажа. По ова, голем број на граѓани реагираа на социјалните мрежи, а со реакција се јавија и од политичката партија ,,Левица”. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

– Иако минатата година, Уставниот суд со Одлука У.бр.8/2022/1 ја укина апанажата, функционерите на СДС деновиве НЕЗАКОНСКИ побарале и добиле право на апанажа.
Имено, Комисијата за прашања на изборите и именувања, на седница одржана на ден 06.02.2024 година, констатирала дека од страна на поранешните функционери Димитар КОВАЧЕВСКИ и Оливер СПАСОВСКИ се поднесени Барања за остварување на правото на исплата на апанажа.
Скандалозно е што собраниската Комисија, со само пет присутни члена, ги усвојува барањата за исплата на апанажа за двајцата поранешни функционери, спротивно на Уставот! Ова значи дека милионерите Спасовски и Ковачевски во наредните 12 месеци ќе ја добиваат истата плата од 2.500 евра. Иако Ковачевски и неговата сопруга поседуваат милионски бизниси во енергетиката, поранешниот премиер одлучил дека треба да добива плата од државата и наредните 12 месеци (што е спротивно на Уставот).
Потсетуваме дека поранешниот премиер и министер за внатрешни работи го завршија својот функционерски мандат со давање ОСТАВКА од функцијата која ја извршуваа. Согласно Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица и сега веќе укинатиот чл. 22, истите НЕМААТ ПРАВЕН ОСНОВ за остварување на правото на исплата на апанажа!
Доколку Комисијата не ја ревидира оваа своја одлука во рок од 3 дена, #Левица ќе поднесе соодветни поднесоци до надлежните органи за утврдување на одговорност за своето работење на сите присутни членови, кои одлучувале по спорната точка, стои во реакцијата на ,,Левица”.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првата дама на Туркије, Емине Ердоган, гласаше за фотографии на годината на Анадолу

Следно

На Франција не ѝ стигаат пари да ѝ пушти помош на Украина

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop