Левица: Касами повика на рушење на уставниот поредок – ОЈО итно да постапи

December 1, 2023
1 min read

реклама


Партијата Левица побара од Основното јавно обвинителство да постапи против првиот човек на Движењето БЕСА, поради истакнати пораки каде што изјави ддека Македонија ќе стане трета албанска држава.

„Првиот човек на Движењето Беса и актуелен коалиционен партнер на ДПМНЕ во советот на Тетово, сецесионистот Билал Касами, честитајќи го Денот на знамето на Албанија, упати јасна иредентистичка порака, каде изјави дека Македонија ќе стане трета албанска држава!

реклама

Оваа изјава претставува своевидна кулминација на долгата низа крајно националистички, етнотрибалистички и максимално сецесионистички ставови и дела на т.н. албански политички партии во Македонија по повод Денот на албанското знаме.

Додека во Уставот е јасно наведено дека Македонија нема територијални претензии и дека го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави – иредентисти како Касами отворено го подриваат уставниот поредок и суверенитетот на Македонија.

реклама

Затоа, ваквата заканувачка изјава не смее да наиде на молк од страна на Јавното обвинителство кое го повикуваме да отвори предмет за сторени кривични дела: Повикување на насилна промена на уставниот поредок и Загрозување на територијалната целина.

Јавно ги повикуваме „патриотите“ од ДПМНЕ и „европјаните“ од СДС да ја осудат оваа изјава на Билал Касами и да објаснат на македонските граѓани – како со вакви сецесионистички албански политички партии, кои отворено ги искажуваат своите ставови за отцепување од Македонија и креирање на Голема Албанија, можат да коалицираат и да „планираат европска иднина“?!“, стои во соопштението на Левица.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНИЦЕФ повика на „траен прекин на огнот“ во Газа, предупредувајќи дека повеќе напади ќе доведат до „масакр“

Следно

Германија ќе блокира полначи за автомобили и топлотни пумпи

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop