Левица: Германската инвестиција во Тетово е уште еден пропаднат проект на криминалната влада

March 11, 2024
1 min read

Додека сериозните држави уживаат во големите и високопрофитабилни инвестиции на кинеските гиганти за електрична мобилност, кои обезбедуваат десетици илјади стручни и високоплатени работни места, а државата собира огромни приходи од даноци, ненародната власт предводена од ДУИ и нивниот безначаен партнер СДС, уште еднаш потврдија дека не се способни во Македонија да донесат нормална инвестиција, велат од политичката партија Левица.

За стручната јавност и познавачите на состојбите им беше очекувана и воопшто не ги изненади веста дека ТИРЗ го раскина договорот со компанијата ,,е.ГО” и дека во Тетово нема да се произведуваат електрични автомобили.

Германската инвестиција за која се најавуваше дека ќе тежи околу 130 милиони евра, требаше да биде потпомогната од страна на Владата на РМ со учество од 35% од вкупната сума. Фирма ,,е.ГО” постојано беше поврзувана со луѓе блиски до ДУИ. Единствен потписник на договорот е Али Везваеи, кој е претседател на Одборот на ,,е.ГО” и директор на тетовската компанија Еколог.

Најавените илјадници работни места во Тетово и вкупната планирана инвестирана сума од 720 милиони евра остануваат само проѕирна лага на Владата предводена од ДУИ.

Разбирливо е дека Владата во заминување ќе направи сé што може за во преостанатиот период до избори преку манипулации во јавноста да остави добар впечаток за нивното работење. Македонската економија никогаш досега не била во полоша ситуација, а Македонија е на дното по инвестиции.

Единствената економска стратегија на анти-македонската влада на СДС и ДУИ е нула државни капитални инвестиции, делење тендери за бизнисите на нивните семејства, распродавање на националните богатства за багателни цени и уништување на плодното земјиште за сомнителни бизнисмени од енергетскиот сектор да можат да профитираат“, се вели во соопштението на Левица

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тројца Палестинци уапсени во Италија, планирале терористички напади

Следно

ЛШ: Интер без Аугусто и Арнаутовиќ на реваншот во Мадрид

Latest from Blog

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите

Брисел го гледа Коридор 8 како стратешка врска за Европа и снабдувањето со критични минерали

Македонија, Бугарија и Албанија имаат значајна геостратешка положба во развојот на паневропската транспортна инфраструктура, која треба да овозможи побрз и поефикасен транспорт на стоки од Црното до Јадранското Море, а потоа и

Хитлер Мусолини е избран за градоначалник во Перу

Кандидатот на централно-левичарската партија Ахора Насион освои 34 проценти од гласовите, пишува Политико. Според извештаите на локалните медиуми, разликата меѓу првите тројца кандидати била само 42 гласа. Неговата кандидатура не дава многу

ФИФА ќе отвори истрага за прошталниот меч на Меси?

Прошталниот настап на Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација би можел да добие неочекуван пресврт. Во јавноста се појавија наводи за можна истрага на ФИФА поврзана со натпреварот меѓу Аргентина и
Go toTop