Левица: Аспарагус, папаја, манго, леб од по 440 денари за Владата, додека народот тоне во сиромаштија

March 5, 2025
1 min read

Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила  милионски договори за  владините функционери со скапи деликатеси, тврдат од Левица.

Реагираат дека наместо веднаш да го прифати предлогот на Синдикатот за минимална плата од 500 евра, владејачката коалиција ДПМНЕ-ЗНАМ-Вреди избрала да троши народни пари на егзотични овошја и храна која е недостижна за обичниот работник: папаја, аспарагус, манго, ананас, авокадо, леб од по 100 до 440 денари.

Во исто време, потсетуваат дека трошоците за живот вртоглаво растат – синдикалната кошничка за јануари 2025 година е зголемена за 6 000 денари, а храната поскапена за 10,43%.

Од Левица велат ако Владата не го прифати предлогот на Синдикатот тие  ќе поднесат  законско решение за зголемување на минималната плата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Туркиш ерлајнс“ е трет во светот

Следно

Опозицијата бара гласање недоверба на грчката Влада

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop