Лет на „Ер Европа“ пренасочен кон Бразил откако силни турбуленции повредија 30 патници

July 2, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Авион на „Ер Европа“ од Мадрид, Шпанија, до Монтевидео, Уругвај, принудно слета во Бразил, поради силните турбуленции над Атлантскиот Океан кои повредија 30 патници, на кои им беше потребна итна медицинска помош, соопшти денес авиокомпанијата, пренесува Анадолу.

„Нашиот лет UX045 за Монтевидео е пренасочен кон аеродромот Натал (североисточен Бразил) поради силни турбуленции“, соопшти „Ер Европа“ на платформата Х.

„Авионот слета нормално, а полесните повреди кои се случија веќе се третираат“, се додава во соопштението.

По слетувањето, авионот го пречекале повеќе амбулантни возила.

Аеродромските власти потврдија дека на неколку патници им била потребна медицинска помош и веднаш биле пренесени во блиската болница.

Локален медицински тим пријавил дека пружил помош на најмалку 30 патници од различни националности, а 10 од нив се хоспитализирани на понатамошно лекување.

Извештаите укажуваат дека турбуленциите предизвикале патниците да ги удрат своите глави, што резултирало со повреди како кранијални фрактури и исеченици на лицето.

Сликите од внатрешноста на авионот покажаа како жици висат од преградите за багаж над главите, индицирајќи на сериозноста на инцидентот.

Овој инцидент следува по сличен настан на лет на „Сингапур ерлајнс“, кој наиде на тешки турбуленции над Мјанмар истиот ден, што резултираше со повеќемина повредени и смрт на британски патник.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Големо невреме во Црна Гора, еден загинат и еден повреден

Следно

Уделот на Туркије во светската трговија во пораст, извозот годинава достигна 63,6 милијарди долари

Latest from Blog

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според

Ќе оди ли Карпош на предвремени избори?

Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува
Go toTop