„Лена и Владимир“ на Игор Алексов ќе биде прикажан на свеченото затворање на 44. ИФФК „Браќа Манаки“

September 29, 2023
3 mins read

Дебитанскиот филм на Игор Алексов, приказната за двајцата бегалци Лена и Владимир, раскажана во сценариото на Александар Русјаков, ќе го затвори годинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

На денешната прес конференција беше претставена екипата од филмот.

Снимањето се одвиваше во 2018 година, но се случи една бура и го уништи речиси целиот сет и дел од сретствата што беа планирани за постпродукција се префрлија таму. Потоа проектот застана во постпродукција, имавме една пауза година и половина кога не се правеше ништо, но потоа најдовме копродуцент од Србија и така успеавме да го завршиме филмот како што сакавме, раскажа режисерот Игор Алексов.

Продуцентот Дејан Илиев рече дека да не била екипата која помогнала да се надминат сите тешкотии немало да успеат.

Душан Кардалевски е кинематографер на филмот. Тој проговори за боите во филмот, како течело снимањето… Се потсети дека Алек Русјаков му подарил книга, која откако ја прочитал посакал да сними филм за истата и кога добил покана за навистина да го направи тоа и го добил сценариото за филмот не можел да поверува дека му се остварила желбата.

Бидејќи ова не е класична приказна, туку повеќе е фантазија, повеќе е бајковита приказна одлучив да снимам со Ари Алекса камера. Сакавме да ги одвоиме двата света на Лена и Владимир. Во светот на Лена користев многу остри објективи без никаква филтрација, сакав тоа да биде што постудено бидејќи нејзиниот живот беше таков. За разлика од неа, во прикажувањето на другиот свет користев потопли тонови. Таму боите се помеки и користев специјална филтрација, објасни Кардалевски.

Александар Русјаков е автор на сценариото за филмот и тој упати честитки за кинематограферот. Раскажа дека „Лена и Владимир“ е одамна напишана приказна и дека не било класично сценарио бидејќи содржело многу книжевни елементи.

Го напишав пред 25 години, тукушто имав завршено филмска режија и не гледав начин како тој филм може да се изведе. Но, сега во разговор со Игор напишаното се преточи во вистинско сценарио. Тоа е едно поинакво читање на бајката, која воопшто не се држи до приказната затоа што јас сакам да си играм со формите. Овој пат сакав да напишам приказна која е инспирирана од бајка, но нема врска со бајката и се случува денеска. Многу се израдував кога Игор ми рече дека му се допаѓа сценариото и пресреќен сум што на филмот работеше Душан Кардалевски за кого сметам дека е најдобар кинематографер, рече Русјаков.

Монтажерот на филмот подвлече дека монтажата на филмот воопшто не била исцрпувачка како што знае да биде најчесто, бидејќи целата екипа на сетаот одработила одлично така што не морал да влегува при монтажата во т.н. темни лавиринти за да го спасува филмот како што најчесто се случува.

Иако, јас лично сметам дека добро напишано сценарио и добро режиран филм е база за одличен производ, односно дека добра монтажа не може да спаси филм. Главното изразно сретство кај секој филм, па и кај овој е актерската игра и јас сум благодарен на секој актер затоа што едноставно можев да креирам.

Филмот раскажува за два лика- тој ја изгубил љубовта, осуден на осаменост, таа, како сираче, силувана, малтретирана- двајцата доживуваат пролет во еден студен јануари и се вљубуваат во животот.

Главните улоги ги играат актерите: Тони Наумовски и Сара Климоска, а споредните улоги: Петар Мирчевски, Петар Арсовски, Благоја Чоревски, Кирил Коруновски, Луран Ахмети, Дениз Абдула и други.

Се е посебно, соработката, сценариото, режијата, анализите, пробите…Ова беше многу посебен процес кој верувам дека секој актер би посакал да има ваков проект во животот. Разликата да се работи на нискобуџетен филм кај нас и во странство е во магијата. Ние сме мајстори исто толку колку што се мајстори и во Америка само цифрата што го одредува буџетот е разликата, но не и магијата. На масава седам со мајстори кои донесуваат магија која прави волшебства во секој проект во кој што работат, рече Тони Наумовски.

За Дениз Абдула особен впечаток оставило темелното работење со режисерот, им дал слобода на сите сектори и можеле слободно да креираат и да го дадет најдоброто од себе.

За улогата на Лена, Сара Климоска во 2021 беше избрана за една од десетте млади и надежни актери во Европа, „European Shooting Stars 2021“, со зборовите: Со очи кои навистина служат како прозорец кон нејзината душа, изведбата на Сара Климоска е истовремено шармантна и разиграна, жестока и разорна. Откровение во вистинска смисла на зборот, со емотивна длабочина што ги демантира нејзините години, таа не привлекува во животот на нејзиниот отпадник со шарм и леснотија што јасно го покажува нејзиниот ѕвезден потенцијал.

Овој филм можеби доаѓа подоцна во мојата кариера, но беше прекрасно искуство. Актерите како што добиваат повеќе искуства, така почнуваат да рационализираат за тоа како треба да се игра и кој е пристапот. Прекрасна база беше ликот на Лена, Алек е темелен и нуди варијанти за да се одигра. Исто така соработката со Тони Наумовски беше драгоцена и сите останати атери, ми помогнаа и направија да се чувствувам поудобно на снимањето, рече Климоска.

Продукција е на „Минд продукција – Скопје“, продуценти се Дејан Илиев и Илија Циривири, музиката е на Дарко Спасовски, кинематографер Душан Кардалевски, костими- Раде Василев, сценографија Александра Петкова и Влатко Христов, кастинг Катерина Грубач, продукција Влатко Зафирковски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Не верувај, проверувај – гимназијалци во посета на ТВ21, лажните вести се сериозна опасност

Следно

Можна ли е парализа на правосудството? Одговара Трпе Деановски

Latest from Blog

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по

Грција: Суспендирани над 10.000 ученици поради употреба на мобилен телефон на настава

Од почетокот на учебната година во Грција, поради употреба на мобилен телефон за време на наставата суспендирани биле 10.700 ученици, според министерот за образование, религија и спорт на Грција Кирјакос Пиеракакис, јави
Go toTop