Лекторатот по македонски јазик во Париз денеска одбележува 50 години постоење

March 23, 2023
2 mins read

Лекторатот по македонски јазик во Париз, кој е најстар и постои 50 години, денеска ќе го одбележи јубилејот со меѓународен симпозиум на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во француската престолнина.

Како што соопшти Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ), на симпозиумот ќе има учесници од седум држави – странски македонисти и слависти, универзитетски професори – лингвисти, книжевни истражувачи и културолози, книжевни преведувачи и поети.

„Почитувачи на македонскиот јазик, литература и култура од Франција, САД/Канада, Шпанија, Полска, Сенегал и Тунис, заедно со македонските учесници  ќе ја испратат пораката дека по оствареното во изминатите педесет години, со јасна цел и визија, вложувањата во македонистиката треба да продолжуваат во годините што следуваат“, информира МСМЈЛК при УКИМ.

МСМЈЛК наведува дека организацијата на овој меѓународен симпозиум по повод полувековниот јубилеј е „валоризација на постигнатото во изминатите пет децении и влог во ново поглавје на афирмирањето на македонските културни вредности и на развивањето на научниот интерес за македонистиката во Франција и воопшто на меѓународен план“.

Во рамки на симпозиумот се предвидени три тркалезни маси, од кои една ќе биде посветена исклучиво на македонистиката во Франција и, според најавата, ќе се обратат директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, и проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро, која раководи со студиите по македонистика на ИНАЛКО.

Со свои излагања ќе учествуваат и актуелниот лектор по македонски јазик на ИНАЛКО, м-р Ѓоко Здравески, асс. м-р Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Јован Костов од Универзитетот „Пол Валери Монтпелиер 3“. 

„Две тркалезни маси на симпозиумот ќе му бидат посветени и на творештвото на великанот на македонската литература и култура, Ацо Шопов – 50 години Лекторат по македонски јазик на ИНАЛКО во светлината на 100 години од раѓањето на Шопов. Со нив ќе продолжи и чествувањето на делото на Шопов во Париз, по повод големиот јубилеј, кое вчера, на Светскиот ден на позијата започна во седиштето на УНЕСКО, но и воопшто меѓународната афирмација на неговото творештво во текот на јубилејната година, која започна со Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ“, информира МСМЈЛК при УКИМ.

Најавено е учество и на странските македонисти и универзитетски професори – Кристина Е. Крамер од САД/Канада и Маќеј Кавка од Полска, долгогодишни учесници на Меѓународната научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ и преведувачи на поезијата на Шопов. Покрај нив, на тркалезните маси ќе учествуваат и професорот Жорж Алао од ИНАЛКО – Франција, Дауда Ндиај од Сенегал,  Хозе-Мариа Паз-Гаго од Шпанија, Џамила Межри од Тунис и Тања Кармзова од Франција. Во овој дел на сипозиумот ќе учествуваат и академиците од МАНУ – Влада Урошевиќ и Катица Ќулавкова, која е и некогашна лекторка по македонски јазик на ИНАЛКО, како и ќерката на Шопов и истражувач на неговото дело, Јасмина Шопова.

 Во чест на 50 години Лекторат по македонски јазик, на ИНАЛКО ќе се одржи и концерт на македонска народна музика, на француската македонистка и музичкарка Гаел Лекок и Анета Жорж, пејачка и композиторка, професорка на Американската школа за модерна музика во Париз (вокал, кавал и тамбура). 

 МСМЈЛК при УКИМ информира дека поддржувачи на организацијата на симпозиумот се и МАНУ и Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“. 

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милан, Тотенхем и Вест Хем заинтересирани за Сари

Следно

ММЕ кој прв спомна осиромашен ураниум

Latest from Blog

Касиљас го „предаде“ Роналдо и ги разочара фановите на Реал Мадрид

Икер Касиљас повторно се најде во фокусот на вниманието, но овојпат не поради нешто поврзано со Реал Мадрид на теренот. Легендарниот голман на Кралскиот клуб предизвика бројни реакции меѓу навивачите со објава

Иран мобилизира жени во војска- учат да користат калашников, РПГ и снајпер (ВИДЕО)

Снимките и фотографиите објавени од иранските медиуми покажуваат жени, некои во униформа, како учат да ракуваат со автоматски пушки во центри за обука на отворено во Техеран, објавува британски „Телеграф“. Организаторите велат

Doli: Edhe 15 minatorë dolën nga miniera

Pesëmbëdhjetë minatorë kanë dalë nga miniera pas disa orësh të vështira të kaluara të ngujuar në thellësi, duke sjellë lehtësim dhe shpresë për familjarët dhe kolegët e tyre. Lajmin e ka bërë

Божиновска: Со Австрија отвараме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Виена оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот на

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени
Go toTop