Лек за дијабетес кој многу жени го користат за слабеење ја зголемува и плодноста

March 29, 2024
1 min read

Лекот за дијабетес „Оземпик“ (Ozempik), којшто многу жени го користат и за губење килограми, има уште еден „неочекуван ефект“ – бременост, објави „Пипл“ (People).

Дека сè ова не е случајност, се чини, укажува тоа што на интернет сè почесто се појавуваат приказни за жени кои забремениле поради „Оземпик“… Се покажа дека тој лек некако „ги неутрализира“ контрацептивните средства коишто корисничката ги зема во истовреме… А пак, други си се сметале за неплодни, па бременоста ги изненадила. Така, една жена раскажува дека не можела да забремени неколку години, па со партнерот им успеало откако таа два месеци редовно земала „Оземпик“ заради слабеење. И, родила здраво дете.

Се испостави дека самото губењето тежина, всушност, влијае врз плодноста и општото хормонално ниво.

– Дури и ако се работи за само неколку килограми, тоа веќе може да доведе до продолжување на овулацијата кај жената и таа ќе може да забремени. Нашите масни клетки произведуваат естроген, којшто може да има негативен ефект врз нашите јајници и овулацијата. Тоа може негативно да влијае и на слузницата на ендометриумот, вели акушер-гинекологот Иман Салех.

Покрај тоа, „Оземпик“ со својата формула го намалува и ефектот на контрацептивни лекови, што бара дополнително внимавање додека се зема овој лек.

Сепак, лекарите забрануваат земање на лекот само заради бременост – тоа е премногу опасно и за мајката, а потоа и за детето.

„Испитувањата на стаорци, зајаци и мајмуни покажуваат дека лековите за слабеење може да предизвикаат и спонтан абортус и вродени деформитети ако се земаат за време на бременоста. Сè уште нема студии за луѓе. Жената, исто така, треба да престане да зема лек за слабеење најмалку две недели пред бременоста“, препорачува компанијата-производител на лекови, „Ново Нордиск“.

Опасностите се, сепак, преголеми за да се експериментира на себе, според лекарите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најпознатиот рапер ќе бара самостојно старателство над синот: „Не знаев дека си сексуална работничка“

Следно

Одреден 48-часовен куќен притвор на двајца од приведените за убиството во Железара

Latest from Blog

Наполи во војна со Милан: Алегри го нарекол менаџерот на Наполи – „кретен“

фото: Nicolò Schira @NicoSchira (X) Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, го навредил менаџерот на Наполи, Габриеле Оријали, за време на полуфиналето од Суперкупот на Италија (0:2). Инцидентот се случил за време на

Коњановски: Најголемиот зимски фестивал во државата повторно во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес одржа прес конференција на која ја најави програмата на „Зимска приказна“. Го пренесуваме интегралниот текст од денешната прес конференција: „Сакам да ја најавам програмата за

Меџити: Турското образование е важен дел од мултиетничкото општество

Денеска беше одбележан Денот на турското образование, во организација на Основното училиште Тефејјуз, институција со долга традиција во образованието на мајчин јазик. Настанот беше посветен на значењето на турското образование во Северна

Димитриеска-Кочоска: Поддршката од Трезорот на САД клучна за модернизација на јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска одржа работен состанок со Џејсон Винички, заменик-директор за буџет и финансиска одговорност во Канцеларијата за техничка помош (OTA) при Трезорот на САД, на кој беа разгледани активности
Go toTop