Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци во време на СДС наместо затворски добиле пониски казни, судот мора да покаже поголема одговорност

February 1, 2025
1 min read

Јавноста е шокирана од настојувањето на Кривичниот суд да ја оправда својата одлука со која лице, кај кое биле пронајдени над 80 пакувања амфетамин, било третирано со воспитна мерка наместо со построга санкција. Наместо да ја преземе одговорноста за очигледниот пропуст, судот продолжува да го брани својот став, дури и по тоа што истиот сторител, на слобода, предизвика трагедија со одземање на невин живот, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

Ова однесување повторно ја оправдува катастрофалната оценка што граѓаните му ја даваат на судството – „двојка минус“. Наместо да биде чувар на правдата, македонското судство повеќе се грижи за формални оправдувања отколку за вистинска правда.

Судијката која ја донесе скандалозната одлука за ослободување на сторителот не е непозната за јавноста. Во изминатите седум години беше главен извршител на политичките монтирани процеси на СДС против ВМРО-ДПМНЕ, носејќи драконски казни за политички неистомисленици, додека криминалци и нарко-дилери блиски до поранешната власт добиваа поблаги санкции или беа ослободувани.

Овој случај е дополнително скандалозен затоа што сторителот бил третиран како „млад возрасен“, категорија што судството ја користи за да доделува поблаги санкции, иако се работи за полнолетно лице кое веќе извршило сериозно кривично дело. Наместо да се земе предвид количината на запленетата дрога и ризикот што го претставува, судот решил да примени воспитна мерка, со што овој случај заврши со фатални последици.

Ова не е прв пат судот, под влијание на СДС, да носи одлуки што завршуваат со човечки трагедии. Потсетуваме дека истото се случи кога нивниот човек, Зоран Милески – Кичеец, беше пуштен од затвор пред време, а потоа направи страшна сообраќајна несреќа кај Стража во која загина човек.

Останува прашањето – колку други вакви случаи има за кои јавноста не знае? Колку други блиски луѓе до СДС биле пуштени на слобода, наместо да одговараат пред законот? Дали судството стана инструмент за заштита на одредени интереси наместо да биде гарант на правдата?

ВМРО-ДПМНЕ бара итна ревизија на сите вакви пресуди и судските органи да покажат зголемена одговорност во одлучувањето. Безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет, а не заштитата на поединци блиски до СДС. Судството мора да престане со практиката на селективна правда и конечно да работи во служба на граѓаните, а не на одредени политички и криминални структури, порача Лефков.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови Сад: Студентите од Белград пеш стигнаа во главниот град на Војводина – денеска блокада на сите мостови во градот 

Следно

ВРЕДИ: Ги зголемуваме платите на здравствените работници за да го подобриме квалитетот на услугите

Latest from Blog

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од
Go toTop