Лефков: Луѓето за 27 ми април лежат во затвор, а вистинските криминалци се шетаат слободно и се сликаат со владини функционери, мора да се стави крај на селективната правда

January 28, 2023
1 min read

Миле Лефков, пратеник во македонското собрание од ВМРО-ДПМНЕ во вклучување во емисијата Стадион на Канал 77 потенцираше дека Македонија е единствена држава во Европа каде што има политички затвореници, односно како што рече проблематичен е целиот начин на водење на постапката за осудените од 27 ми април, квалифицирање на делото во терористичко загрозување на уставниот поредок, нагласувајќи дека лицата блиски до владата наместо во затвори се сликани во кабинети и со високи функционери на власта.

Она што останува како факт е дека тие луѓе се обвинети за нешто кое што не го сториле, проблематичен е начинот на водење на постапката, односно факт е дека во Македонија е единствена држава во Европа која што има политички затвореници. Целата македонска јавност знае дека ако сте блиски до структурите на власта во Македонија, не лежите во затвор, и гледате дека секојдневно има бегство од затвори, луѓе кои што треба да се во затвори се сликани со функционери на власта, истакна тој.

Ако ги погледнете истражувањата факт е дека луѓето немаат доверба во правдата и факт е дека се политички затвореници затоа што имаме проблеми и со тоа како е квалифицирано делото, членот 313 од КЗ терористичко загрозување на уставниот поредок на државата е нешто што е многу дискутабилно дали може да биде на тој квалифицирано, судени се во неразумен рок, дури гледате на универзитетот Колумбија постапката, судењето и 12 часовните рочишта се предмет на негативна пракса и се пример како не треба да се постапува во една држава, кажа Лефков.

Лефков смета дека крајот на селективната правда е само со промена на оваа како што ја нарече корумпирана влада.

Мора да дојде промена на оваа корумпирана власт и конечно да ставиме крај на селективната правда, порача Лефков.

На прашањето дали има шанса од како ќе го видат предлог законот за ослободување на лицата од 27ми април, Лефков рече дека сите закони кои се стигнати во собранието а се во интерес на граѓаните, имаат поддршка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Апсолутно да. Ние многу закони кои што се во интерес на граѓаните сме ги гласале за, додаде Лефков.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Три лица загинаа во поплавите во Нов Зеланд, во Окленд прогласена вонредна состојба

Следно

18-годишен возач прегази пешак во Скопје

Latest from Blog

Парламентарци од Чешка во посета на Собранието на Македонија

Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, денеска ќе го посети Собранието на Република Македонија. Како што е најавено, чешката парламентарна делагација ќе биде примена

Какво ќе биде времето денес?

Времето денеска ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки

Бајден ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на Трамп

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден и првата дама Џил Бајден ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во јануари, изјави портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс. „Претседателот вети дека

Без вода дел од корисниците во општина Карпош

Корисниците на потегот од ул. „Љубљанска“ до ул. „Никола Парапунов“ во општина Карпош денеска од 9 часот ќе немаат вода. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот во водоснабдувањето
Go toTop