ЛДП: Започнуваме граѓанска Иницијатива за отповикување на градоначалници

December 20, 2023
1 min read

реклама


Иницијатива за измени на Законот за локална самоуправа и собирање на потписи за референдум за отповикување на градоначалници, најавува Либерално-демократската партија под водство на претседателката, Моника Зајкова, и ново основаната градска организација при ЛДП во Скопје, предводена од Филип Јакимовски.

-Она што се случува во главниот град Скопје е јасен дека мора да има механизам за отповикување на градоначалниците. Граѓаните не смеат да трпат заради неспособноста на локалните власти, велат од ЛДП.

реклама

Од партијата посочуваат дека оваа Иницијатива е со цел да се одговори на потребите на граѓаните и да се подобри животот во главниот град.

– Со длабоко разочарување и загриженост ја гледам сегашната состојба во нашиот главен град. Паметам поубаво Скопје, град на светлина, култура и зеленило, а не град кој сега е завиен во темнина и се гуши во смет. Се чини дека сегашните локални власти се оддалечиле од основните потреби и желби на своите граѓани. Некогаш, Законот за локална самоуправа од 1996 година оставал законска можност за граѓаните активно да учествуваат во одлуките кои ги засегаат нивните животи, вклучително и механизмот за отповикување на градоначалниците. За жал оваа круцијална одредба во Законот за локалната самоуправа од 2002 година беше избришана и од тогаш па до денес, граѓаните се лишени од законска можност да покренат постапка за отповикување на градоначалници, вели Зајкова.

реклама

Таа додаде дека се наоѓаме во ситуација во која градоначалниците буквално можат да ги поминуваат своите мандати без реална одговорност и отчетност за нивното (не)сработеното, а од тоа страдаат општините и граѓаните.

-На европско тло досега се спроведени неколку постапки за отповикување на градоначалници, како примерот со Хана Гронкиевич Валц градоначалничка на Варшава, потоа се одржал локален референдум за отповикување на градоначалникот на Кишенев, а во 2015 година по предлог на тогашниот британски премиер Девид Камерон во парламентот се усвоил механизмот за отповикување во Обединетото Кралство. Воедно Петер Фелдман, контроверзниот градоначалник на германскиот финансиски центар – Франкфурт, преку граѓански референдум бил сменет од функцијата, појаснува таа.

реклама

Претседателот на Градската организација на ЛДП во Скопје, Филип Јакимовски потенцираше за потребата од итна промена на градочалничката, кој повика Скопје да се врати на скопјани.

-Формирањето на нашата градска организација е од клучно значење за нашата мисија. Се обврзуваме на активно учество во процесот на мапирање на проблемите во Скопје и на наоѓање на решенија. Нашата цел е да создадеме посилна, поспособна и проактивна локална самоуправа која ќе ги негува вредностите во градот., додаде тој.

ЛДП повикува сите заинтересирани граѓани да се приклучат кон оваа иницијатива, заедно да работиме на создавање на отворен и одговорен систем на локално самоуправување во Скопје и во целата земја.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кацарска: Досега не сме добиле иницијатива за партијата „Десна”

Следно

Пакети од фондација „Заев“ предизборно се делат од министерката Тренчевска

Latest from Blog

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш

Мал раст на МБИ10 и стабилен пазар: Берзанска сесија со промет од 38,7 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 10 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа раст од 0,05% и заврши на 10.182,11

Божиновска: Енергетската транзиција е шанса за жените и младите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари значајна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, посветена на зајакнување на соработката за одржлив развој. На средбата се дискутираше
Go toTop