Лазаров: Сезонава да направиме чекор напред

July 22, 2025
1 min read

Екипата на РК Алкалоид ги почна подготовките за новата сезона. Ракометарите фаќаат ритам на тренирање во „Автокоманда“, има осум нови играчи кои му се приклучија на тимот, а впечатоците од актуелниот состав и очекувањата за следната сезона ги сподели тренерот Кирил Лазаров.

– Целата стратегија, поставеноста на клубот е од година во година да се прави чекор напред. Не сакаме тие чекори да бидат крупни, туку да одиме постепено и да го развиваме клубот. Јас како тренер сум среќен и горд што и оваа сезона останавме во истиот македонски концепт, во ростерот ќе имаме 23 играчи, од кои 21 ќе бидат македонски. Одлучивме да продолжиме по истиот пат, да даваме шанса на македонските играчи и да се биде поконкурентен како во Македонија, така и во европски рамки. Задоволен сум од во преодниот рок успеавме да донесеме нови играчи, во ростерот имаме осум нови имиња, потребно ќе ни биде време да се воиграме, затоа и малку порано стартуваме од сите останати суперлигаши, изјави Лазаров.

Алкалоид подготовките ги почна во Скопје, следната недела оди во Маврово, па следува турнеја во Србија, Хрватска и Словенија каде се предвидени осум пријателски натпревари.

Посакува неговиот тим да ја подобри реализацијата во македонското првенство.

– Во едно европско полуфинале ние даваме над 40 гола, а во македонско првенство се игра многу поспоро и не можеме да ја минеме границата од 25 гола. Тука би требало да се поправиме, смета Лазаров.

За квалификациите во Европската лига на ЕХФ и средбити со Хановер, тренерот Лазаров фаворитската улога ја препушти на бундеслигашот.

– Како клуб одлучивме да излеземе од комфорната зона и да играме во Европската лига, по оној освоен ЕХФ Куп во кој има силни противници, тоа може да се види по листата и оваа година. Сакаме да одиме чекор понапред, прифативме ризик. Имавме малку незгодна ждрепка, добивме бундеслигаш. Успеав по ждрепката да изгледам неколку мечеви и увидов зошто во текот на Бундеслигата во поголемиот дел беа на првото место. Се работи за систем со екстра-квалитетен тренер, бивш селектор на репрезентацијата на Германија, на секое зошто има затоа. Ривалот е фаворит, но ние ќе се бориме и нема да се предадеме, потенцира Лазаров.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Една третина од населението на Газа нема јадено неколку дена поради израелската опсада“

Следно

Започна 17. Меѓународен саем за одбранбена индустрија IDEF 2025

Latest from Blog

Англичаните му се закануваат на Абрамович:“Парите од продажбата на Челзи да им ги уплатиш на Украинците“!

ФОТО: Chelsea Football Club/FB Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека рускиот олигарх Роман Абрамович мора веднаш да го исполни своето ветување да искористи 2.500.000.000 фунти од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи за

СДС во внатрепартиска криза, по изборот на старо новото раководство на двоецот Заев-Филипче следат оставки и барања за повлекување на Филипче

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „СДС на предлог на Заев а поддржан од Филипче, избра старо ново раководство, но во истиот момент започнаа и реакциите од општинските организации на СДС низ Македонија, летатат оставки

ВЛЕН: Настапот на Фетаи во Доха ја потврди посветеноста за вистинска борба против корупцијата

Коалицијата ВЛЕН ја оценува присутноста на вицепремиерот Арбен Фетаи во Доха, во рамки на CoSP11 – Конференцијата на Обединетите нации против корупцијата, како доказ за сериозно и суштинско претставување на државата на

Меган Маркл и принцот Хари најавија нов проект во соработка со Нетфликс (ВИДЕО)

Војводата и војвотката од Сасекс ќе го продуцираат филмот за стриминг услугата преку нивната компанија Archewell Productions. Како што објави Deadline, 44-годишната Меган и 41-годишниот принц Хари соработуваат на проектот со продуцентката
Go toTop