Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив

May 23, 2025
1 min read

Ракометарите на Алкалоид се подготвуваат за реваншот со АЕК в недела во финалето на ЕХФ Европскиот куп.

Македонскиот претставник од Атина донесе четири голови предност.

Тренерот Кирил Лазаров побара да не се создава еуфорија и неговите избраници без притисок да влезат на средбата.

-Стигнавме до финале важно за Алкалоид и за македонскиот ракомет. Имаме одлична предност од 4 голови. Сепак, секогаш сум претпазлив, треба порелаксирано да го дочекаме натпреварот. Не сакам моите играчи да бидат под притисок. Утре одиме во карантин и верувам дека подготвени ќе го дочекаме реваншот, изјави Лазаров пред дуелот.

На денешната прес-конференција своите очекувања ги кажа и голманот Иван Галевски кој во Грција одбрани пет пенали од шесте досудени за АЕК.

-АЕК е искусна и силна екипа. Нема да ни биде воопшто лесно. Но ние ќе ја имаме поддршката од нашиот осми играч – публиката. Верувам дека на крајот ќе го кренеме пехарот, изјави Галевски.

Натпреварот Алкалоид – АЕК ќе се игра в недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.

Од Алкалоид апелираат на фер и спортско навивање во текот на целиот натпревар. (МИА)

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Големите семејства се можно решение за демографската криза во Европа“, изјави претседателката на ЕЛФАК

Следно

Децата од Газа што ги загубија животите спомнати на 7. Фестивал на етноспортска култура

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,
Go toTop