Лавров упати критики до САД за политиката за Блискиот Исток

October 31, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека американската политика за Блискиот Исток го „турнала“ регионот на работ на голем конфликт, јавува Анадолу.

Говорејќи на пленарната седница на Втората меѓународна конференција во Минск за евроазиска безбедност, Лавров истакна дека Вашингтон активно ги попречува напорите за решавање на тековните конфликти.

Рускиот шеф на дипломатијата ја припиша оваа ескалација на едностраното излегување на САД од иранскиот нуклеарен договор – договор ратификуван од Советот за безбедност на ОН – и нивните напори да го монополизираат арапско-израелскиот мировен процес.

Според Лавров, овие акции резултирале со „катастрофални последици“, ставајќи го регионот на работ на тешка дестабилизација и потенцијална војна.

„Ситуацијата во блискоисточниот дел на Евроазија драматично се влошува. Постојаната желба на Вашингтон да го монополизира арапско-израелскиот процес за решавање се претвори во катастрофални последици, ставајќи го овој стратешки важен регион на работ на целосна дестабилизација и голема војна“, изјави Лавров.

Лавров остро го осуди, како што го нарече, „колективното казнување“ на жителите на Газа и Западниот Брег.

„Западот главно молчи за ова, но последиците од израелската операција во текот на изминатата година се запрепастувачки“, додаде тој, повикувајќи го меѓународното внимание на хуманитарната криза којашто се развива.

Израелската Армија ја продолжи разорната офанзива на Појасот Газа по нападот на Хамас минатата година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 43.160 луѓе, главно жени и деца, а над 101.500 се повредени.

Конфликтот се прошири и во Либан, при што Израел започна со смртоносни напади низ целата земја, што претставува ескалација од едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и групата од почетокот на војната во Газа.

Израел го прошири конфликтот на 1 октомври оваа година со започнување копнен упад во јужен Либан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: За три години ќе имаме нов, модерен и безбеден автопат Прилеп- Битола, во сабота започнуваме со активности

Следно

Продолжуваат протестите во кочанско, членовите на Грин.орг се повлекуваат од блокадите

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop