Лацио, Рома, Порто доаѓаат на турнир за млади категории во Куманово!

August 12, 2025
2 mins read

Куманово од 3 до 5 октомври ќе биде домаќин на силен меѓународен фудбалски турнир за дечиња родени 2014,2016, 2018 година и помлади, а на кој е организатор ФК Куманово Еуроспорт од истоимениот град.

На турнирот својот настап веќе го потврдија големите фудбалски гиганти Лацио, Рома, Порто, Бенфика, Торино, англискиот Дерби Каунти и уште многу екипи од регионот и од нашата држава .

„Сакам со огромно задоволство да соопштам дека фудбалскиот детски турнир кој ќе се одржи од 3 до 5 октомври во организација на фудбалскиот клуб Куманово Еуроспорт ќе биде вистински фудбалски празник не само за нас како клуб и како град, туку и за нашата држава.

Голема чест ни е како клуб да ги угостиме големите фудбалски европски гиганти како Рома, Лацио, Бенфика, Порто и останатите тимови кои уште го потврдуваат своето учество и се пријавуваат. Искрено не верувам дека досега не само во Куманово, туку во Македонија досега имало вакви фудбалски тимови кои гостувале на едно место. Ние досега одлично организиравме четири турнири и за нас оваа ќе представува огромен предизвик и сигурен сум дека ќе биде реализирано како што е планирано заедно со целиот мој тим кој е вклучен во самата организација.

Ние како домаќини ќе се погрижиме се да помине во најдобар ред и гостите од цела Европа да се чуствуваат како дома

Зборуваме секогаш за инклузивноста во општеството и затоа на нашиот турнир ќе направиме едно мало изненадување за дечињата со посебни потреби каде ќе можат и тие да ја почувствуваат магијата на фудбалскиот терен и фудбалската игра“, изјави на прес конференцијата претседателот и прв човек на клубот Александар Маневски

За вториот дел од настанот на јавноста и се обрати и членот на организациониот одбор Филип Наумов.

„Навистина ми е чест и задоволство што најпрво сум дел од самата организација на турнирот кој ќе биде посебен и секако инспиративен настан, турнир кој ќе опфати инклузивно учество на деца со посебни потреби. Нашето мото ќе биде – „Играме заедно, победуваме заедно“, и имаме за цел да ја промовираме инклузивноста и еднаквоста низ спортот.

Учеството на децата со посебни потреби е горд чекор кон поотворено и поддржувачко општество.

Преку овој турнир сакаме да испратиме силна порака дека секое дете заслужува можност да игра, да се развива и да биде прифатено од целокупната општество.

Инклузивноста на децата со посебни потреби е важна тема што се однесува на правото на секое дете да учествува рамноправно во општеството, без оглед на неговите физички, интелектуални, сензорни или емоционални разлики. Ова значи создавање на прифатлива и поддржувачка средина во која секое дете има еднакви можности за учење, играње и развој“, изјави Наумов на прес конференцијата.

Од клубот истакнаа дека натпреварите ќе се одиграат на три стадиони во Куманово и тоа на ФК Башкими, фудбалскиот стадион покрај спортската сала во Куманово и на Арената на ФК Куманово Еуроспорт.

Организаторите воедно и апелираат до сите правни лица и релевантни институции доколку се во можност и имаат простор да помогнат во овој голем настан кој е од особено важност за спортот не само во Куманово, туку и на целата држава.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Интервју со Бети Стаменкоска-Трајкоска за Хит Портал: Искрена приказна за тоа како е да се биде мајка, сопруга и жена во политика

Следно

ВИДЕО: Драматична ситуацијата со пожарите во Албанија, пеплосани села, две жртви и повеќе повредени

Latest from Blog

Европол во меѓународна акција заплени небезбедна храна вредна 95 милиони евра

Во координираната меѓународна операција OPSON XIV, која ја спроведе Европол, Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), Европската комисија, како и агенции за спроведување на законот од 31 земја, вклучувајќи партнери од

Средба Муцунски – Плаколм: Потврдени одличните билатерални односи меѓу Македонија и Австрија

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Тимчо Муцунски оствари средба со министерката за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудиа Плаколм, која престојува во работна посета на

Во Чаир води Меџити – анкетата покажува стабилна поддршка од речиси 50%

Според најновата анкета на агенцијата „Стратум“, кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, има убедливо водство со 48% поддршка од анкетираните граѓани. На второ место е кандидатот на

Канаваро пристигна во Ташкент, денеска го презема Узбекистан

фото: Championat.asia (X) Поранешниот дефанзивец на италијанската репрезентација Фабио Канаваро пристигна во Ташкент со својот тренерски штаб и денеска треба и официјално да го преземе кормилото на тамошната фудбалска репрезентација. Веста ја
Go toTop