Љатифи Азизи: Денеска од болниците ќе бидат отпуштени 16 пациенти кои досега се лекувале во земјава

March 24, 2025
1 min read

Портпаролката на Владата, Венера Љатифи Азизи, попладнево на прес-конференција соопшти дека, според најновите податоци, денеска од болниците ќе бидат отпуштени 16 пациенти кои досега се лекувале во земјава и ќе го продолжат лекувањето во домашни услови.

Таа нагласи дека во наредните две недели се очекува половина од пациентите кои моментално се лекуваат во странство да се вратат во земјава, при што Владата презема сите неопходни мерки за нивната понатамошна медицинска нега.

-Во меѓувреме, состојбата на некои пациенти и понатаму е сериозна. Четири од тие кои се во странство се во критична состојба, но правиме се за да го обезбедиме потребниот третман и да се надеваме на нивно подобрување. Покрај болничката нега, како дел од долгорочната нега обезбедивме тим хирурзи кој ќе остане во Кочани за поддршка на пациентите кои се лекуваат дома избегнувајќи ги нивните напорни патувања во клиниките. Исто така, штипската болница располага со четири хирурзи кои ќе бидат во постојана комуникација за давање поддршка на пациентите, рече таа. 

Таа информираше дека во моментот, во странство се лекуваат 116 пациенти, а се очекува во текот на оваа недела осум од нив да се вратат и да продолжат со лекување во земјава.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Следно

Шефицата за надворешна политика на ЕУ го осуди пропаѓањето на прекинот на огнот во Газа

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop