Лапорта со најава за трансфер на Халанд ќе ги “купува“ гласовите за нов мандат!

January 26, 2026
1 min read
ФОТО: FC Barselona/X

Реал Мадрид или Барселона, или пак ќе остане во Манчестер Сити. Тоа е дилемата за тоа каде Ерлинг Халанд ќе ја продолжи кариерата. Јасно е дека нема клуб, тука мислиме на најголемите кои него сакаат Норвежанецот.

Тој е во центарот на шпекулациите за можен трансфер во Барселона, а каталонскиот клуб предводен од Хоан Лапорта верува дека може да го ангажира во иднина.
Според извори блиски до клубот, претседателот Лапорта гледа многу повеќе во Халанд отколку само спортско засилување. Доаѓањето на норвешкиот напаѓач би можело да послужи како голема политичка карта пред претседателските избори на клубот во 2026 година. Идејата е јасна: да се изврши притисок врз навивачите и потенцијалните гласачи со ветување за голема ѕвезда и враќање на Барселона меѓу европските гиганти.
Сепак, реалноста е многу покомплицирана. Халанд има договор со Манчестер Сити до 2034 година, а англискиот клуб не планира лесно да се откаже од својот клучен играч. И додека Барселона се надева, Лапорта разгледува и други опции. Се споменуваат имиња како Хулијан Алварез, но тие не носат моментален „политички бонус“ како што би донел Халанд.
Сепак, каталонскиот претседател цврсто верува дека само помислата за доведување на норвешкиот ас би можела да влијае на исходот од изборите и да покаже дека клубот има големи планови.
Навивачите сакаат големо име како Халанд, тој сигурно би бил најдобрата можна опција на позицијата број девет, кога Роберт Левандовски ќе замине, но финансиите би можеле да бидат голем проблем.
Лапорта е познат по тоа што ветуваше големи имиња и претходно, но понекогаш се покажува дека тоа е само обид да се создаде еуфорија меѓу навивачите и некако да се „купат“, но за да му дадат глас, ќе мора да се прибегне кон некое здраво засилување.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Внимавајте кога пребарувате на “Google” за здравје: Еве кој најчесто ви одговара на важни прашања

Следно

Божиновска: Соларната енергија – темел на енергетската транзиција во Македонија

Latest from Blog

Нептун во Овен носи нова духовна ера

Со влезот на Нептун во Овен на 26 јануари 2026 година, започнува длабок и долготраен колективен пресврт. По децении во Риби, каде духовноста беше поврзана со повлекување, жртва, магла и бегање од

Божиновска: Соларната енергија – темел на енергетската транзиција во Македонија

26 јануари – Меѓународниот ден на чистата енергија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја потенцира важноста на соларната енергија за одржлив развој на земјата. „Македонија има сонце. И има потенцијал“,

Внимавајте кога пребарувате на “Google” за здравје: Еве кој најчесто ви одговара на важни прашања

Функцијата за пребарување на „Google“ под име „AI Overviews“ го цитира „YouTube“ повеќе од кој било медицински веб-сајт кога одговара на прашања за здравствени состојби, покажува најновото истражување. Компанијата „Google“ соопшти дека

Николоски на Блаце: Поддршка за предупредувачкиот протест на превозниците

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска лично присуствуваше на граничниот премин Блаце, давајќи јасна поддршка на домашните превозници кои од денеска започнуваат седумдневен предупредувачки протест. Протестот е координиран и со
Go toTop