Ланци маркети се договарале за цени: Комисијата за заштита на конкуренцијата поведе прекршочна постапка

February 20, 2025
1 min read

Во согласност со своите надлежности утврдени во Законот за заштита на конкуренцијата и Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, Комисијата за заштита на конкуренцијата спроведе ненајавен инспекциски надзор во четири трговски ланци и една стопанска комора каде што тие се членки.

– Увидот е извршен поради постоење на сомневање дека неколку ланци на маркети кои вршат трговија на мало со прехранбени и непрехранбени производи го прекршиле член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата, кој забранува картели односно забранува договори и усогласено однесување на две или повеќе претпријатија, а се со цел нарушување на конкуренцијата. При контролата во службените простории на правните лица, извршен е увид во службената документација и направен е и увид во средствата за електронска комуникација при што се пронајдени докази дека истите донеле незаконита одлука која и јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање, се наведува во соопштението од Комисијата за заштита на конкуренцијата објавено на Фејсбук. 

Како што се посочува, контролираните субјекти спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата донеле забранета одлука односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи, поради што е поведена прекршочна постапка.

Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека интензивно врши контроли кај повеќе правни субјекти кои имаат свој удел во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи и ќе преземе најригорозни мерки и санкции на секое нарушување на конкуренцијата на пазарот и нема да дозволи никакво изигрување на законите на штета на граѓаните.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битиќи: Решенијата на СДСМ гарантираат намалување на цените за 30%

Следно

Израелски војници ранија двајца Палестинци, од кои едно дете, пукајќи на Западниот Брег

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се
Go toTop