Битиќи: Решенијата на СДСМ гарантираат намалување на цените за 30%

February 20, 2025
1 min read

„Со предлозите на СДСМ за намалување на цените на струјата и ДДВ на прехранбените производи, ќе им се излезе во пресрет на граѓаните да се намалат трошоците за живот, кој секојдневно растат. Решенијата на СДСМ гарантираат намалување на цените за 30%. Пред нас е вистинска економска криза, па не можете да останете имуни на тоа и да кажете ’не нè интересира‘ како што прави владата“, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.

„Како СДСМ, излеговме со низа мерки. Зборуваме за намалување на ДДВ на прехранбените производи, повикавме владата да ги замрзне цените на основните прехранбени производи, да ја фиксира маржата на добивка, намалување на ДДВ за електрична енергија, повикавме за зголемување на платите и ќе продолжиме со низа други мерки, се со цел да им се помогне на граѓаните. Следна недела ќе предложиме закон со кој ќе бараме да се намали цената на зелениот картон што исто така е ќе биде едно олеснување за граѓаните“, рече Битиќи.

Тој појасни дека замрзнувањето на цените и одредувањето на бруто маржа на производите од страна на владата е задоцнета мерка и дека сето ова требало да е случи многу порано.

Пратеникот на СДСМ потенцираше дека во овој момент има сет на случувања, во сферата на економијата каде од година во која имавме стабилизирање на инфлацијата, тоа е последица на добрите политики на претходната власт, година во која инфлацијата беше 3 %, за сега во јануари да имаме 4, 8% инфлација.

Ако се направи споредба на јануари, со цела година, сега имаме за 60 проценти зголемена инфлација, потенцираше Битиќи, што кажува дека граѓаните стануваат се посиромашни, затоа што парите кој ги добиваат, не се зголемуваат.

„Имаме запирање на раст на платите последните неколку месеци и тоа значи дека граѓаните не добиваат ништо повеќе, а цените растат и трошоците на живот растат. Во одреден временски период кога ние се справуваме со енергетската криза никој нас не нè прашуваше дали има последици кон дефицит кој се појавува во електраните. Ние се справуваме со тоа. Беше битно граѓаните да плаќаат помалку и тоа е истата цел во овој момент. И сега во опозиција го правиме истото“, рече Битиќи.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ордановски ја нападна владата на САД: Трамп е лажго, Џеј Ди Венс е на раб на неонацизам, а Маск е расист

Следно

Ланци маркети се договарале за цени: Комисијата за заштита на конкуренцијата поведе прекршочна постапка

Latest from Blog

Некогаш една од најубавите плажи во Преспа, денес запуштена: Мештаните сами го чистат Стење

Плажата во Стење некогаш важеше за едно од најубавите и најпосетуваните места на Преспанското Езеро. Во 2015 година таа беше уредена со песок и дополнителни содржини, а потоа привлече голем број домашни

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Во Македонија 13 случаи на Западнонилска треска

Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе од 240 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус се регистрирани во седум европски земји, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на

Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

ФОТО: FC Barselona/FB Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши
Go toTop