Лани создаден комунален отпад од 790 866 тони, 438 килограми по жител

April 23, 2025
1 min read

Вкупното количество собран комунален отпад во државава во 2024 година изнесува 637 471 тон и споредено со 2023 година, бележи зголемување од 2.5 проценти. Зголемувањето, како што објави Државниот завод за статистика, се должи на зголемениот број населени места вклучени во системот за колективно собирање отпад.

Најголемо количество собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 180 729 тони или 28.4 проценти од вкупното собрано количество. Од вкупното количество собран комунален отпад,  535 606 тони или 84 проценти се собрани од домаќинствата, а останатите 16 проценти од правни и физички лица (комерцијален отпад). Според видовите отпад, најголемо количество собран отпад е измешаниот комунален отпад –   546  866 тони или 85.8 проценти, а најмало количество има отпадот од гума – 1 136 тони или 0.2 проценти од вкупното количество собран комунален отпад.  

Вкупното количество создаден комунален отпад во 2024 година изнесува 790 866 тони. Годишното количество создаден комунален отпад по жител во 2024 година изнесува 438 кг, што е за  12.9 проценти помалку од истото количество во 2023 година. 

Најголемото количество собран комунален отпад, 99.8 проценти, се исфрла на депонија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да играм, страста за натпреварување е секогаш со мене

Следно

Захарова ја обвини Германија за русофобија и знаци на неонацизам

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop