Лајчак откри која ќе биде главна тема во Охрид

March 16, 2023
1 min read

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека прифаќањето на европскиот предлог преставува позитивна порака. Како што рече, сега е потребно да се фокусираме на имплементацијата на анексот, што ќе биде главна тема на претстојната средба во Охрид, јави дописникот на МИА од Белград.

За да се имплементира договорот, сега треба да се одреди редоследот на следните чекори, како и роковите и кој што треба да направи, рече Лајчак на онлајн-конференцијата Европа и Русија на Балканскиот фронт, организирана од Италијанскиот институт за Меѓународни политички студии (ISPI).

-Откако е прифатен договорот, ние сме фокусирани на имплементација на анексот, кој е клучен елемент, посочи тој.

Лајчак посочи и дека целта на неговата последна посета на Приштина и Белград била да ги слушне мислењата на двете страни за споменатиот анекс и дека врз основа на она што го слушнал, до средбата меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти, во саботата во Охрид ќе се подготви „нова консолидирана верзија на анексот врз основа на оригиналниот текст“.

-Тоа треба да биде основа на нашите разговори во Охрид и ако успееме да постигнеме договор за овој анекс, тогаш работата е завршена, рече Лајчак.

Тој оцени дека последната средба меѓу Вучиќ и Курти на 27 февруари била најдобрата досега, дека била тешка, но многу отворена и искрена.

Наведе и дека геополитичката ситуација е променета и дека ЕУ сфатила дека се променила и нејзината улога и на Западен Балкан.

Нејзината улога, како што кажа, стана повеќе стратешка и повеќе пополитичка.

-Многу е важно да ја пренесеме пораката дека ЕУ сега е поподготвена за Балканот, веројатно повеќе отколку што Балканот е подготвен за ЕУ, затоа е исклучително важно да се разбере дека вратата сега е повторно отворена, рече Лајчак.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ескобар од Белград: Договор за нормализација е можен до крајот на годинава, не очекуваме потпис во Охрид

Следно

Продолжуваат нападите од уличните кучиња – каснати двајца мажи и една жена

Latest from Blog

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор

Аеродром ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да достават идеи, предлози и иницијативи за буџетот за 2027 година, со цел во него да се вклучат потребите и приоритетите на жителите од сите населби. Предлози
Go toTop