Лајчак и Нуланд бараат брза деескалација на северот на Косово

June 20, 2023
1 min read

Лајчак е во Вашингтон на покана, како што рече претходно, на неговите американски партнери за да разговара за патот напред и непосредните чекори во врска со ситуацијата во Косово

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека се согласува со американската функционерка Викторија Нуланд во проценката на ситуацијата на северот на Косово и важноста од итна деескалација и враќање на дијалогот под покровителство на ЕУ.

Лајчак на Твитер напиша дека имал „многу добар разговор“ со американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд.

„Ја делиме истата оценка за ситуацијата на северот на Косово и за излезот од неа. Се согласивме дека е важно итна деескалација и враќање на дијалогот под покровителство на ЕУ“,

напиша Лајчак.

Лајчак е во Вашингтон на покана, како што рече претходно, на неговите американски партнери за да разговара за патот напред и непосредните чекори во врска со ситуацијата во Косово.

Лајчак и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска ги повикаа лидерите во Белград и Приштина да се фокусираат на дијалогот и да придонесат за деескалација на ситуацијата на северот на Косово, предупредувајќи дека во спротивно ќе има последици за двете страни.

Европската Унија ги покани двете страни на итен состанок за управување со кризи, но датумот не е одреден бидејќи косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ не го потврдија своето учество. 

Стано: Немаме датум, ниту Белград ниту Приштина го потврдија пристигнувањето во Брисел

Курти рече дека ќе донесе одлука дали ќе оди во Брисел откако ќе добие информација за состојбата на уапсените полицајци. Вучиќ, пак, рече дека допрва треба да одлучи дали „технички“ ќе се појави на средбата во Брисел и нагласи дека нема да разговара со косовскиот премиер. 

Во меѓувреме, портпаролот на Европската Унија, Петер Стано, изјави дека очекува српскиот претседател и косовскиот премиер да го потврдат своето присуство на оваа средба без никакви предуслови. 

Ситуацијата на северот на Косово ескалира на 29 мај, кога Србите се судрија со припадниците на КФОР во Звечан, една од четирите општини со мнозинско српско население на северот. Во инцидентот имаше околу 80 повредени од двете страни. 

Повредени 25 припадници на КФОР во судирот со српските демонстранти во Звечан 

Потоа, на 14 јуни, Приштина и Белград излегоа со спротивставени информации во врска со апсењето на тројцата косовски полицајци.  

Додека Косово тврди дека тие биле „киднапирани“ од територијата на општина Лепосавиќ во близина на границата, Србија наведува дека тие всушност биле уапсени на нејзина територија. 

КФОР соопшти дека врз основа на достапните податоци, не е јасно каде точно биле припадниците на косовската полиција во моментот на апсењето. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР на Косово: Премините Јариње, Мердаре и Брњак, слободни за сообраќај

Следно

Златко Далиќ го напушта селекторското место во Хрватска?

Latest from Blog

Барселона ќе мора да ја почне сезоната без Френки Де Јонг

Барселона денес ја потврди сериозноста на повредата на холандскиот интернационалец, Френки де Јонг. Клубот објави дека холандскиот играч за врска претрпел кинење на медијалниот колатерален лигамент на десното колено и, иако клубот

Припадник на ќелија „спијачи“ на Хамас работел во луксузен хотел на Крит- подготвувал напад на крузер

37-годишниот Египќанец од палестинско потекло, идентификуван од медиумите како Мотасема, бил уапсен на почетокот на јуни во туристичкото одморалиште Агиос Николаос во операција на грчките специјални сили, откако неодамна се вработил како

Кумановски села трет ден без струја

Веќе три дена села од кумановско се без електрична енергија. Невремето предизвика сериозни штети. Освен без струја, дел од жителите, немаат ниту вода. Се снаоѓаат како што умеат. Оштетени се куќи, викендици,

Општина Чаир со нова културна иницијатива: Фестивалот „Чаршија“ стартува со богата програма

Во амбиентот на Старата скопска чаршија денеска официјално започна првото издание на Интернационалниот фестивал на музика „Чаршија“, нова културна иницијатива на Општина Чаир, која има амбиција да прерасне во традиционална годишна манифестација

Меџити во Гостивар: Ќе дадеме целосна институционална поддршка за надминување на кризата со водата

Заменик-претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска престојуваше во Гостивар, каде одржа состанок во Општината посветен на актуелната состојба со водоснабдувањето и мерките кои се преземаат за надминување
Go toTop