Лајчак: ЕУ се подготвува да ги рестартира разговорите меѓу Белград и Приштина на лидерско ниво

January 29, 2025
1 min read

Претставникот на ЕУ во заминување за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека ЕУ има намера да ги рестартира разговорите на лидерско ниво по изборите во Косово i оцени дека дијалогот е во подобра состојба отколку кога почна неговиот мандат во пролетта 2020 година, но дека нормализацијата на односите не напредува.

Во вчерашното проштално интервју за Радио телевизија на Србија (РТС), Лајчак рече дека ЕУ се подготвува да „почне разговори на највисоко ниво по изборите во Косово“.

-Новата висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, јасно кажа дека ќе биде директно вклучена и дека сака да го води процесот. Се подготвува став на ЕУ, предлог за двете страни, рече Лајчак.

Тој рече дека проширувањето се вратило на агендата на ЕУ и дека тоа е еден од нејзините приоритети денес. Лајчак смета дека актуелната политичка криза во Србија треба да се реши со дијалог меѓу домашните актери, покажување добра волја и почитување на демократските принципи на владеење на правото. Тој изрази уверување дека Србија има потенцијал со свои сили да ги реши проблемите и да оди напред.

Лајчак додаде дека неговиот наследник Питер Соренсен, кој, додаде, е искусен дипломат и добро го познава Балканот, ќе биде таму за да и помогне на Каја Калас во оваа работа. 

Соренсен ја презема функцијата на 1 февруари, а неговиот мандат ќе трае 13 месеци.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Остануваме посветени на борбата против неправедните трговски практики и злоупотреби кои влијаат на животниот стандард

Следно

Три лека од оние што недостасуваат се очекуваат денеска и утре на УКРО

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop