Лабудовиќ: Герасимовски е рекордер со над 280 издадени дозволи за градба во Центар

October 4, 2025
2 mins read

Кандидатот за градоначалник на Центар од Движењето ЗНАМ – за наша Македонија Мирослав Лабудовиќ, на телевизиското соочување во Топ Тема на ТВ Телма ги најави трите капитални проекти за кои особено ќе се залага во идниот четиригодишен мандат, се вели во соопштението од ЗНАМ.

„Најважно од се или најкапитален проект е Центар да биде одржлива општина со системски решенија погледнато од секаков апсект. Тоа значи општината да биде чиста, безбедна за сите граѓани, урбано средена и секако општина во која ќе биде подигнат квлитетот на живеењето на нејзините жители“, рече Лабудовиќ.

Во соочувањето со своите опоненти тој најави системско решавање на хаосот во паркирањето со изградба на катни и монтажни гаражи во Буњаковец, Капиштец и кај нова Железничка станица, и воведување на смарт паркинг систем со кој во точно време на територијата на општината ќе се знае каде ќе има слободни паркинг места.

Како и изградбата на мултифункционален културен и младински центар – Центар хаб кој ќе значи едно ново ниво во делот на културата, но и во иновациите од младите.

Лабудовиќ во текот на дебатата го потсети својот противкандидат Горан Герасимовски, кој е актуелен градоначалник на општината, да не се кити со туѓи перја кога кажува дека комплетно реконструирал некои од најважните сообраќајници во општината како Орце Николов, улица што со денешниот изглед е обновена од неговиот преходник. Тој најави дека ќе создаде неколку, слободни печашки зони – како улиците Мирослав Крлежа, 50 дивизија и паркинг просторот кај општинската зграда спроти Фонтана кој, вели тој, е предвиден за еден убав плоштад.

Што се однесува до новата општинска зграда и таа е предвидена во програмата на кандидатот на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ. „Редно е вработените во општинската администрација да добијат нормални услови за работа во поквалитетни простории, а со нејзината изградба, ќе добиеме и 300 нови паркинг места, со што сериозно ќе придонесеме во надминување на проблемот со паркирање“, рече тој.

Лабудовиќ упати остри критики до Герасимовски и поради неажурноста со деталните урбанистички планови. „Од 31 ДУП-ови сегашниот градоначалник ревидирал само три што е катастрофално од аспект на борба против урбаната мафија и средување на хасоот во овој дел. А, токму тој е рекордер во издавањето на дозволи за градба – во неговиот мандат се издадени 280-300 дозволи и на тој начин дополнително го задуши Центар“, потенцираше кадидатот за градоначалник од редовите на ЗНАМ.

Лабудовиќ нагласи дека ќе има тесна соработка со град Скопје во надминување на, како што беше речено сообраќајниот колапс, првенствено во создавање на квалитетен јавен превоз кој ќе ги мотивира граѓаните што помалку да ги користат сопствените возила за превоз.

Најави и сериозна битка за секоја педа зелен простор во општината и создавање на нови, но и нивно одржување и на тој начин, заедно со редовното чистење – Центар да биде еколошки среден. А, не, како сега – кога општината набавува нова механизација за чистење, а постоечката што ја има години наназад не е видена на улица да работи.

Мирослав Лабудовиќ најави и сериозно системско решение за селекција и рециклирање на отпадот – за што во соработка со фирмата „Пакомак“ граѓаните ќе добиваат и враќање на средства. Исто така, ќе има посебна дислокација на градежен отпад, а сите градежни зафати што значат уривање на објекти, ќе бидат наплаќани и средствата од тоа искористувани за одржувње на јавната чистота.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Комерцијална банка и Алкалоид со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,97%

Следно

Во Њујорк живеат 66 милијардери и 384.500 милионери

Latest from Blog

Семејството на Брус Вилис донесе важна одлука

Веста привлече светско внимание и доаѓа директно од неговите најблиски, предводени од неговата сопруга Ема Хеминг Вилис. Брус Вилис е во пензија од глумата од 2022 година откако му беше дијагностицирана афазија.

Прв случај на африканска свинска треска во Шпанија после 21 година

Шпанија го откри првиот случај на африканска свинска треска од 1994 година, откако вирусот беше пронајден кај две диви свињи кои угинаа во близина на Барселона, соопшти денес Министерството за земјоделство. Министерството

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На денешната трговска сесија од 28 ноември 2025 година, индексот МБИ10 забележа минимален раст од 0,02%, достигнувајќи ниво

Министерката Божиновска: Даночните работници се основа за стабилна економија

Заедно со премиерот Мицкоски, министерката Сања Божиновска присуствуваше на одбележувањето на Денот на даночните работници, кој е силен потсетник за важната улога на даночната администрација во стабилноста на државата. – Ги слушнавме
Go toTop