Курти: Вучиќ бега од потпишување на договорот, кој значи де факто признавање

March 18, 2023
1 min read

Курти изјави дека уставноста и законодавството се основните принципи на договорот, како и дека договорот за Заедницата на српските општини е постигнат порано

Косовскиот премиер Албин Курти го обвини српскиот претседател Александар Вучиќ дека „бега од потпишување договор“ со Приштина.

„Бегаа од потпишување на договорот и од анексот на тој договор. Бевме подготвени да потпишеме и во Брисел и овде во Охрид“,

посочи Курти по средбата со Вучиќ во Охрид.

Курти изјави дека уставноста и законодавството се основните принципи на договорот, како и дека договорот за Заедницата на српските општини е постигнат порано.

„Се залагам за правата на сите во Косово и на оние кои имаат сопствен приватен имот на Косово. Ова не е конечен договор, но договорот е прифатен како и денешниот анекс. Претседателот на Србија бега од потпишување на договорот кој значи де факто признавање. Сега имаме анекс како ќе го спроведеме. За нас овој договор е прифатлив, не бегам од потписот“,

рече Курти.

Тој потсети и на проблемот со исчезнатите лица на Косово и Метохија.

„Во Косово се уште има 1 617 исчезнати лица. Претежно има Албанци, но и Срби и луѓе од други националности. Ќе се потрудиме што поскоро да ја дознаеме нивната судбина. Не разговаравме за локални избори, тоа е внатрешно прашање на Косово“,

истакна косовскиот премиер.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата во Охрид изјави дека е постигнат некаков договор, дека се договорени неколку точки кои ќе станат дел од преговарачката рамка.

Вучиќ рече дека Европскиот совет на патот, кој е долг, ќе процени колку е направено од планот за имплементација. Ќе се оценува независно за секоја од страните што направила.

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел, по средбата истакна дека Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија е постигнат на 27 февруари, а денеска се разговарало и договарало како тој да се спроведе.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво продолжи денеска во Охрид под покровителство на Европската Унија, а во фокусот на средбата беше финализирањето на Анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти најпрвин, одвоено, се сретнаа со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, а трилатералната средба започна нешто пред 15:30 часот и заврши околу 22 часот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Борел: Србија и Косово постигнаа договор за имплементација и тој ќе биде дел од европскиот пат на двете страни

Следно

Ескобар: Белград и Приштина постигнаа тежок, но неопходен договор

Latest from Blog

Првата лиценцирана батерија во Македонија – ФЕРОИНВЕСТ го сподели искуството на саемот „Енерго Технома 2025“

На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку

Бидете внимателни: Греалките можат да бидат причина за пожар, НЕ правете го ова

Според статистичките податоци, греалките се втора најчеста причина за пожари поради неправилно ракување. Бројните предупредувања од електричарите деновиве се однесуваат на правилно ракување со грејните тела, бидејќи голем процент од пожарите настануваат

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа
Go toTop