Курти: Српските воени злосторства во Косово се документираат

February 18, 2024
1 min read

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата влада ја исполнува преземената обврска за операционализација на Институтот за документирање на злосторствата извршени од страна на Србија за време на војната во Косово во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти денеска на својата страница на Фејсбук сподели видео од моментот кога вчера во Институтот беше извршено примопредавањето на првите документи со кои се докажуваат злосторствата извршени од српските полициски, воени и паравоени формации во Косово во последната војна.

Тој им се заблагодари на семејствата на исчезнатите за нивната посветеност во документирањето на злосторствата на Србија.

– Функционализацијата на Институтот за документирање на злосторствата извршени за време на војната во Косово е обврска што се исполнува кон нашата колективна меморија како народ и кон нашето барање за правда, напиша Курти.

Тој информира дека вчера, на 16-годишнината од независноста на Косово, бил во Институтот за документирање на српските злосторства во Косово, заедно со извршниот директор на Институтот, Атде Хетеми и претседателот на Координативниот совет на здруженијата на семејствата на исчезнатите во Косово, Ахмет Грајчевци, на церемонија по повод примопредавање на првите документи во таа институција.

Владата на Косово во септември минатата година го усвои нацрт-законот за Институтот за злосторства извршени за време на војната во Косово од 1 јануари 1998 година до 20 јуни 1999 година, кој потоа беше усвоен и од Собранието на Косово. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Урбанистички проблеми во Струга, општината работи со стар ГУП

Следно

Мицкоски: Идната Влада ќе ја заврши патната делница Кичево – Охрид

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop