Курти со нос како Пинокио, бели знамиња и димни бомби на протест во Приштина против договорот од Охрид

March 25, 2023
1 min read

Поддржувачите на Социјалдемократската партија бараа оставка од премиерот на Косово. Тие од јарболите пред владината зграда го симнаа знамето на Косово и поставија бели знамиња алудирајќи дека, според нив, Курти се предал кога дал согласност за договорот во Охрид

Поддржувачите на вонпарламентарната Социјалдемократска партија денеска излегоа на протест и фрлаа димни бомби околу зградата на владата во Приштина, незадоволни од договорот во Охрид со кој, меѓу другото, е предвидено формирање на Заедницата на српските општини на Косово.  

Маските што поддржувачите на вонпарламентарната Социјалдемократска партија ги носеа на протестот во Приштина/Фото: Принтскрин од видео на „Косово онлајн“

Неколку стотици симпатизери на оваа партија, која е формирани од незадоволни функционери на движењето Самоопределување на премиерот Абин Курти, најпрвин организираа протестна прошетка низ централното шеталиште во Приштина, а потоа се собраа околу зградата на владата на Косово, пренесува РТС.  

Тие носеа маски со ликот на премиерот Курти, на кои тој беше прикажан со издолжен нос како Пинокио, литературниот лик на кого му расте носот секогаш кога ќе каже лага.  

Поддржувачите на Социјалдемократската партија бараа остава од премиерот на Косово.  

Тие од јарболите пред владината зграда го симнаа знамето на Косово и поставија бели знамиња алудирајќи дека, според нив, Курти се предал кога дал согласност за договорот во Охрид.  

Демонстрантите потоа фрлија неколку димни бомби кои за кратко време го прекрија со густ црн час влезот на заградата на владата на Косово.  

Бели знамиња и димни бомби пред зградата на косовската влада во Приштина/Фото: Принтскрин од видео на „Косово онлајн“

Полициски екипи го обезбедуваа влезот на владината зграда додека траеше протестот, за време на кој немаше други инциденти.  

И покрај поканата да се приклучат, опозициските партии и нивните активисти, кои исто така се против договорот од Охрид, сепак, одлучија да не присуствуваат на протестот.  

Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ пред точно една недела постигнаа согласност за анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.  

„Имаме договор и согласност како да го направиме тоа. Косово и Србија се договорија за Анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Договоривме кога, кој и како тоа да се реализира. Во рамките на анексот, страните се согласија да ги исполнат сите членови од договорот и да ги спроведат сите обврски без одлагање и со добра волја“,

рече високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел по дванаесетчасовните преговори во Охрид.  

Тој го спомна и членот 7 од Договорот, за кој многу се разговарало, а кој се однесува на „самоуправување на српската заедница на Косово“. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Неделата на франкофонски филм продолжува со белгискиот филм „Последното искушение на Белгијците“, најнов филм на Јан Бикој

Следно

Ахмети по состанокот во Мала Речица: Разговаравме за „Европскиот фронт“, а следната недела ќе зборуваме и за работите внатре во ДУИ  

Latest from Blog

Масар Омерагиќ: Битола доби модерен стадион достоен за македонската репрезентација

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека за рекордно краток период стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е претворен во модерен спортски објект, достоен за националната репрезентација. „Кога зборовите стануваат

За Србија сојузот Косовски безбедносни сили и вооружените сили на Албанија е директна закана за државата и Србите

„Тоа е оската на политиката на приштинскиот режим, која со секој потег и нов чекор кон формирање на таканаречената голема Албанија е насочена кон Белград“, нагласи Петковиќ во соопштение. Како што истакна,
Go toTop