Курти: Пописот успешен, податоците ќе послужат за подобри политики, стратегии и одлуки на Косово

May 25, 2024
1 min read

Косовскиот премиер Албин Курти го изрази своето задоволство за вчерашното успешно завршување на пописот на населението, по 13 години кога последен пат беше спроведен, нагласувајќи дека ова е многу важна фаза во напредокот на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната церемонија по повод завршувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите во Косово, организирана од Агенцијата за статистика на Косово и УНДП, Курти изјави дека резултатите од пописот ќе им овозможат на институциите во иднина да креираат подобри политики, стратегии и да носат подобри одлуки за поодржлив развој на Косово.

„Собраните податоци ќе бидат основа за подобри политики, стратегии и одлуки, за уште побрз и постабилен развој на нашата земја. Конкретно, им благодарам на нашите меѓународни партнери за нивната соработка. Заедно можеме да постигнеме сé, да бидеме избројани и среќни“, рече косовскиот премиер во обраќањето пред присутните.

Косовската агенција за статистика исто така го оцени годинешниот попис, „и покрај предизвиците и сложеноста што ги имаше“, како успешен.

„Пописот на населението, како еден од најголемите и најкомплексни проекти на една земја во мирнодопски услови, и покрај предизвиците и сложеноста што ги имаше, беше спроведен со голем успех. Успехот беше постигнат благодарение на соработката и координацијата што АСК ја имаше со другите институции – домашни и меѓународни“, се вели во соопштението на АСК.

Пописот во Косово започна на 5 април и требаше да заврши на 17 мај, но на барање на неколку општини беше продолжен за една недела и заврши вчера, на 24 мај.

Преку порталот „еДијаспора“ процесот на попис на населението за дијаспората е продолжен до 31 август.

Вршителот на должноста извршен директор на АСК, Авни Кастрати изјави дека се попишани повеќе од 1,5 милиони жители во Косово, но нагласи дека податоците, според планираното, ќе бидат објавени во август, но ќе се направи сé тоа да се направи и во текот на јули.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САЊА КУЖЕТ ДВАПАТИ НЕ ОБЛЕКУВА ВЕНЧАНИЦА – бремената водителка на „Гранд“ проговори што ја спречува да блесне во бело и во вториот брак!

Следно

Иранската хеликоптерска флота под лупа по смртоносната несреќа во која загина претседателот на земјата

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop