Курти поднесе оставка од премиерската функција, деловнички чека да положи заклетва како пратеник

April 15, 2025
1 min read

Албин Курти поднесе оставка од премиерската функција, што го наведе во писмо испратено до Секретаријатот на косовското Собрание, пишува Клан Косова.

Врз основа на законот, оние кои добиваат пратенички мандат, а се и дел од косовската Влада, односно имаат одредена извршна функција како премиер, вицепремиер, министер или заменик министер, мора да поднесат оставка од извршната функција.

Тоа е затоа што, според деловникот, тие не можат истовремено да бидат и пратеници и дел од извршната власт.

„Од 23 март, кога истече целосниот четиригодишен мандат на нашата влада, таа функционира како техничка влада во оставка. Согласно Уставот и важечките закони, изјавата што ја дадов и беше прифатена од ЦИК на 27 март 2025 година, како и мојата јавна функција истиот ден, всушност поднесов оставка на владиниот кабинет. Со цел поднесување заклетва како пратеник во Собранието на Република Косово, во деветто свикување, со ова и официјално поднесувам оставка од извршната функција, со тоа што таа стапува во сила од горенаведениот датум, согласно Уставот и важечките закони“, се наведува во писмото за оставка на Курти, кое го пренесува Клан Косова.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седница на српскиот Парламент за избор на нова влада

Следно

Завршува грејната сезона, стартува преоден период до 30 април

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop