Курти одби утре да се сретне со Рама во Приштина, бара одржување на седница на двете влади

July 5, 2023
1 min read

Според косовскиот премиер, важна за односите меѓу Косово и Албанија е седницата на двете влади, а не неговите средби со албанскиот хомолог

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер, Албин Курти утре нема да се сретне со неговиот албански колега, Еди Рама, кој од утре ќе биде во дводневна посета на Косово.

Курти, денеска, на конференцијата одржана по седницата на Владата посочи дека според него Рама неоправдано ја откажал средбата меѓу двете влади што требаше да се одржи во Ѓаковица на 14 јуни и дека со него може да се сретне само во рамки на таква средба.

„Подготвен сум да се сретнам со премиерот Еди Рама како дел од состанокот на двете влади, но, не без оваа средба“,

рече Курти.

Според косовскиот премиер, важна за односите меѓу Косово и Албанија е седницата на двете влади, а не неговите средби со албанскиот хомолог.

„Според мене потребно е да имаме седница на двете влади. Ако премиерот Рама инсистира на одлагање на седницата на двете влади, тогаш јас останувам на ставот што му го кажав: ние имаме директни контакти, се среќаваме многу често, не страдаат односите меѓу Косово и Албанија, ниту пак демократијата и мирот на Балканот. За две години колку што сум на чело на Владата на Косово имав десет средби со Рама, и сметам дека е неопходна средба меѓу двете влади, но не и други средби“,

изјави Курти.

Рама утре ќе биде во Приштина во рамки на балканска турнеја во функција на подготвување на наредниот самит на Берлинскиот процес, што ќе се одржи во октомври во Тирана.

Курти рече дека побарал од Рама, со оглед дека ќе престојува во Приштина, да ја одржат и меѓувладината седница.

„Јас пријателски побарав од премиерот Рама, со оглед дека ќе престојува во Приштина два дена, да ја одржиме седницата која неосновано се одложи, иако беше предвидено да се одржи на 14 јуни во Ѓаковица. Сите подготовки ги направивме, 13 договори требаше да се потпишат. Јас му предложив на премиерот Рама да одржиме уште една заедничка седница на двете влади, да ги потпишеме тие усогласени договори и сите да бидат функционални“,

рече Курти. 

Рама, утре ја почнува својата дводневна турнеја низ земјите од Западен балкан. Посетата ќе почне со Скопје, а предвидено е во петок да биде и во Белград на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. Ситуацијата на северот на Косово, иницијативата „Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес се темите кои ќе бидат во фокусот на разговорите меѓу албанскиот премиер и неговите колеги.

Рама ќе ги посети и Црна Гора и Босна и Херцеговина за со тамошните премиери да разговара за важноста на стабилноста во регионот и за неодамнешните тензии меѓу Србија и Косово.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трагедија: Сопственикот на Милвол загина во сообраќајна несреќа

Следно

„Комити“ имаат амбициозен план за спас на Вардар: Сакаме да собереме 500 илјади евра

Latest from Blog

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини
Go toTop