Курти не ја прифаќа одлуката на Уставниот суд на Косово за декретот на Тачи

March 17, 2023
1 min read

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти ја оцени како неприфатлива одлуката на Уставниот суд на Косово, со која му се призна правото на претседателот на државата да го додели премиерскиот мандат на друга партија освен на онаа која победила на парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во коментар на својата страница на Фејсбук, Курти вели дека одлуката е „преку секоја имагинација на секое ниво“ и најави дека за идните политички чекори на неговата партија, Движењето Самоопределување (ВВ), граѓаните ќе бидат известени во наредните денови. – Немавме големи надежи за одлуката на Уставниот суд, но оваа одлука е преку секоја имагинација на секое ниво (логичко и правно). Како неправедна таа е неприфатлива. За идните политички чекори ќе ги информираме граѓаните во наредните денови, напиша Курти. Според него, Судот наместо да го толкува Уставот, го оправдува дејствувањето на Тачи.

– Може да се најдат малку или воопшто примери во демократскиот свет на случаи кога победникот на изборите и самата влада која е на должност се подготвени за избори, а тоа им се оневозможува од Уставниот суд и претседателот со повикување на фиктивно мнозинство во Собранието и со испревртување на изјавите и објективните причини како што е тешката состојба со пандемијата. Наместо да го толкува Уставот, Судот се чини имаше ваков став: бидејќи претседателот е во право, да се потрудиме да го оправдаме, пишува Курти. Според него, во неколку случаи во синоќа објавената одлука Судот „наместо со толкување, се нафатил со пишување и допишување на Уставот“. Тој вели дека ќе биде извршена детална анализа од страна на неговите правни советници откако ќе ја добијат одлуката на Судот. – За жал, Уставниот суд застана на страната на тие кои ја имаат заробено државата. Тој прозборе за себе, попрво и повеќе одошто за прашањето кое го третира. Тој се запечати, се обезвредни себеси. Нашата битка продолжува, заедно со освестениот народ, против оваа корумпирана каста, порача Курти.

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по изгласувањето недоверба на кабинетот на Курти на 25 март и неколкуте неуспешни повици до ВВ да именува нов кандидат за премиер, мандатот му го додели на Авдулах Хоти, кандидат на второрангираната партија на изборите, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК). Лидерот на ЛДК, Иса Мустафа денеска најави дека собраниската седница, на која ќе се гласа за предлогот на Хоти за состав на новата влада, ќе се одржи утре или в понеделник, на 1 јуни.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

14-годишно момче познато како „Ел Чапито“ уби осум луѓе во Мексико

Следно

Кулеба: Државите кои не ја поддржуваат сега Украина, ќе платат во иднина

Latest from Blog

ПлусИнфо: Катка од Левица и Арди од ДУИ во заедничка средба – се подготвува ли коалиција за Тетово?

На фотографијата што ја доби Плусинфо се Катка Божиновска, кандидатка на Левица за градоначалник на Тетово и Арди Исмаили, шеф на тимот за односи на јавноста во штабот на Бајрам Реџепи, кандидатот

Родителот кој доби 11 месеци затвор за напад на двајца 15 годишни фудбалери ќе се жали на одлуката

Бранителот, Асмир Алиспахиќ на родителот кој денеска доби казна затвор од 11 месеци, бидејќи на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ на фудбалскиот натревар меѓу младинските екипи на Брегалница и Шкупи учествуваше

“МИЛИЦЕ, ТИ СИ КАРЛЕУША ОД АЛИ ЕКСПРЕС“

Откако во јавноста се појави изјавата на Милица Павловиќ за нивниот нереализиран дует „Кидаш ме“, за кој пејачката рече дека лично го избришала, Лукас реши да го прекине молчењето. Пејачот Аца Лукас
Go toTop