Курти: Ќе сториме сè за да се конституира Собранието до крајот на месецот

July 2, 2025
1 min read

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти денеска изјави дека ќе направи сè за новото Собрание да биде конституирано до крајот на јули, a во духот на соработка меѓу политичките партии.

По двочасовната средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи, Курти истакна дека законските рокови течат и дека конституирањето на новиот собраниски состав мора да се случи во последната недела од јули.

„Ќе сториме сè што можеме за да го оствариме тоа во дух на соработка, со идеја за консензус или компромис, за потоа да преминеме на формирање нова влада“, рече Курти.

Тој додаде дека на средбата биле разгледани сите аспекти на процесот на конституирање на Парламентот. Курти нагласи дека треба да се почека завршувањето на средбите на претседателката со претставниците на другите партии за да се процени дали ќе има доволно напредок.

Уставниот суд на 26 јуни ги задолжи пратениците да го конституираат Собранието во рок од 30 дена. Во саботата, на повик на Курти, беше одржана средба со претставници на сите парламентарни партии, освен Српската листа, но не беше постигнат договор.

Претседателката Османи за денеска закажа средби со лидерите на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово, за да разговара за излез од актуелната ситуација, со оглед на тоа што косовскиот парламент не е конституиран и по 37 обиди. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турција и ЕУ разговараа за визите, миграцијата и поддршката за Сирија

Следно

Пет активни пожари низ Македонија

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да
Go toTop