Курти измамен од руските комичари, мислел дека разговара со претседателот на Летонија

March 27, 2025
1 min read

Руските комичари Алексеј Столјаров и Владимир Кузњецов, или познати како Лексус и Вован, кои се познати по своите имитации и измами на десетици политичари ширум светот, за своја нова „жртва“ го избраа премиерот на Косово Албин Курти. Еден од нив во телефонскиот разговор се претставил како претседател на Летонија. За Време На Разговорот Албин Курти рече дека неговата влада е жртва на „хибридната војна“ што ја водат Србија, Русија и нивните сојузници. 

Курти, исто така, го обвини поранешниот специјален пратеник за Србија и Косово Ричард Гренел дека помогнал да се собори неговата влада за време на неговиот прв мандат и дека е поврзан со таканаречената косовска опозиција. Вели дека Гренел работел против него четири години. 

„Тој одигра клучна улога во соборувањето на мојата влада за прв пат во 2020 година. 

Гренел се бори против ЛГБТ+, а тој самиот (Гренел) е геј. Знаеш ли дека и јас сум геј? Не, не знаев“. 

Лицето кое се претстави како претседател на Летонија во продолжението на разговорот му порача на Курти – „Главна цел ми е да ја затворам Русија“. Целосно се согласувам, бидејќи нема да имаме мир во Европа, никој од нас, со ваква Русија“, рече косовскиот премиер. Тој се залагаше сите поактивно да се здружат и да ја поддржат Украина, како и да и обезбедат подобра воена опрема на таа земја.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Закажано ново рочиште за смртно прегазената Теодора

Следно

Во јануари годинава бројот на туристи во Грција се зголемил за 11,4 отсто

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп подготвен за нови турски инвестиции и соработка

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на

Американски воени бродови се распоредија на Хаити

Американските бродови „УСС Стокдејл“ (USS Stockdale), „УСЦГЦ Стоун“ (USCGC Stone) и „УСЦГЦ Дилиџенс“ впловија во заливот Порт-о-Пренс за да „ја одразат непоколебливата посветеност на САД на безбедноста, стабилноста и посветлата иднина на

Попладнево нова блокада на патот Битола-Ресен

Патниот сообраќај на магистралниот пат А3 Битола – Ресен над населбата Баир во Битола од 14:30 часот е во прекин бидејќи во тек е јавен собир, информира попладнево Авто-мото сојуз на Македонија.

Цаневска: Колку и кога ќе стигнат автобусите за ЈСП, Ѓоргиевски: Владата ќе набави 100, но не можам да кажам дали ќе стигнат до крај на годинава

Јавниот превоз беше една од темите на советнички прашања во Советот на Град Скопје. „Во ноември 2025 ветивте дека во март 2026 се очекува, во координација со Владата, да пристигнат 80 нови

Проданоски со планови за целосна реконструкција на пазарот во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска, на пазарен ден, заедно со директорот на ЈКП „Пазари“, изврши обиколка на градскиот пазар и оствари директни разговори со сограѓаните и пазарџиите. Градскиот пазар во
Go toTop