Куршум од пиштолот што го уби Џон Ленон оди на аукција, еве колкава цена се очекува

February 29, 2024
1 min read

Куршум испукан од пиштолот употребен за убиството на Џон Ленон во Њујорк во 1980 година, ќе биде понуден на наддавање денеска во британскиот град Њукасл. Се очекува да достигне цена од 2.000 фунти (околу 2.350 евра).

Аукционерската фирма „Андерсон и Гарланд“ го продава сувенирот во име на семејството на Брајан Тејлор, британски полицаец кој служел во областа Нортамбрија во Англија. На Тејлор му било дозволено да пука од оружјето за време на посетата на полицискиот оддел во Њујорк, САД, во 1984 година. „Пакетот“ од наддавањето вклучува и фотографија на Тејлор во униформа како го држи револверот, соопшти аукциската куќа.

Занимливо, тој и самиот бил нападнат додека патувал со полициското возило при посетата, а како извинување му бил покажан мал полициски музеј каде што се чувал револверот. Семејството одлучило предметот да биде предаден на друг обожавател на „Битлс“, пренесе Би-би-си.

„Таму (на Тејлор) му беше дозволено да го испроба оружјето што претходно било искростено за убиството на една од најдобрите и најомилените ѕвезди на музиката, Џон Ленон. Куршумот и патронот беа извадени и дадени на Тејлор како подарок. Тој ги постави и ги закачи на ѕид од неговата канцеларија каде што останаа до крајот на неговата кариера“, објави аукциската куќа на својата интернет-страница.

Атентаторот на Џон Ленон – Марк Дејвид Чепмен, кој сега има 68 години, отслужува доживотна затворска казна.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сега сите ти се Боно

Следно

Зошто имаме престапна година и што е тоа „престапна секунда“?

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop