КУРИР, НетПрес и Република биле шпионски обработувани од тајната полиција на АНБ

September 3, 2025
1 min read

Аферата со прислушување која ја тресе Македонија веќе пет дена, добива се поголем замав. Најновите информации, засега се уште неофицијални, а до кои дојде НетПрес, велат дека таргет за обработка на тајната полиција – АНБ биле новинарските редакции на НетПрес, Курир и на Република.

Досиеја за редакциите на НетПрес, Курир и на Република биле оформени во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а истовремено фирмите на овие три информативни портали биле под интензивна шпионска истрага на Финансиското разузнување. Засега нема информација за координација меѓу тајната полиција – АНБ и Финансиското разузнавање во врска со шпионската обработка на редакциите на трите онлајн медиуми и на нивното деловно работење. Исто така не е јасно ниту дали двете шпионски институции одделно си терале работа со новинарските редакции и со фирмите издавачи на НетПрес, Курир и на Република.

-Според информациите до кои дојдовме неофицијално, новинарите, уредниците, директорите, и останатите вработени во НетПрес, Курир и во Република биле физички следени од припадниците на АНБ и тоа одреден временски период, но засега не е точно утврдено колку тоа траело. Операцијата за шпионирање на редакциите на НетПрес, Курир и на Република, според првичните сознанија од истрагата, ја водела одбрана група од десетина припадници на тајната полиција – АНБ, додека во периодот во кој се одвивала таму директорувал Виктор Димовски, разузнувачки кадар на СДСМ. Исто така, нашите извори велат оти во целата работа голема улога одиграл и Јовче Ременски, поранешен висок раководител во тајната полиција – АНБ, и сопруг на некогашниот висок финкционер на СДСМ, Фросина Ременски, која политички „изгоре“ во аферата „Рекет“ тешка неколку милиони изрекетирани евра, пишува порталот.

Целта на тајната полиција – АНБ била откривање на непријателски елементи во Македонија. Поточно во случајов како непријателски елементи за Македонија разузнавачите, поточно шпионските кадри на СДСМ си ги таргетирале новинарските редакции на НетПрес, на Курир и на Република. Главна цел на овие три онлајн медуми, според тајната полиција – АНБ, била уривање на тогашната власт, креирање на јавно мислење против евроинтеграциите на Македонија, како и против т.н. Француски предлог, во спорот со Бугарија.

Од досега објавеното во медиумите познато е дека под шпионска обработка на тајната полиција – АНБ, во периодот кога била раководена од кадрите на СДСМ, биле претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателот на оваа партија, Александар Николоски, како и пратеникот Драган Ковачки.

Жртва на тајната полиција – АНБ бил и бизнисменот Орце Камчев, против кого бил отворен предмет со лажна белешка од вработен во Агенцијата за национална безбедност. Тој си напишал дека Камчев наводно се среќавал со луѓе од бугарските безбедносни служби, за што познатиот македонски бизнисмен заврши во повеќемесечен притвор. Подоцна разнузнавачот на АНБ кој ја напишал белешката, во рамки на внатрешна истрага во тајната полиција си признал дека таа е со лажни податоци, но оти наводно морал да го стори тоа бидејќи имал притисок од претпоставените во Агенцијата за национална безбедност.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Го славиме светиот апостол Тадеј

Следно

ВЛЕН: ДУИ со години ја уништува иднината на младите

Latest from Blog

Бидете внимателни: Греалките можат да бидат причина за пожар, НЕ правете го ова

Според статистичките податоци, греалките се втора најчеста причина за пожари поради неправилно ракување. Бројните предупредувања од електричарите деновиве се однесуваат на правилно ракување со грејните тела, бидејќи голем процент од пожарите настануваат

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш

Од 19:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш е нормализиран, информира АМСМ. Претходно АМСМ соопшти дека поради случена сообраќајна несреќа од 14:46 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш
Go toTop