Купил евтино палто на старо, па во внатрешниот џеб пронашол богатство

October 2, 2025
1 min read

Без никакви очекувања, неименуван Американец гледал машки одела, а она што го пронашол во џебот на едно палто го изненадило целосно.

Бил навикнат да наоѓа згужвана хартија, копче или заборавена сметка во половни палта или панталони, и немал поим дека овој пат ќе излезе од продавницата со богатство.

Почувствувал нешто чудно

Своето необично откритие го споделил на Reddit, а неговата приказна брзо станала вирална.

Како што самиот вели, редовно проверува џебови кога купува во продавници за половна стока, но никогаш не нашол ништо значајно.

Досега.

Човекот влегол во продавницата и го пребарал машкиот дел. Јакна по јакна, џеб по џеб… сè додека не почувствувал нешто чудно во десеттиот модел.

„Изгледаше како куп хартија“, објаснил тој.

„Дојдоа во вистинско време“

Купил палто и ја напуштил продавницата, но не чекал да се врати дома. Тој влегол во својот автомобил, го отворил внатрешниот џеб и видел нешто што не се гледа секој ден – плик полн со пари!

Внатре пронашол уредно превиткани банкноти од 100 долари, вкупно седум, објавува „Мирор“.

„Во последно време бев во тешка финансиска ситуација. Ова се случи во вистинско време. Не можам да објаснам колку сум благодарен“, додаде тој.

И додека некои можеби се прашуваат дали е етички да се чува таков „наод“, повеќето корисници на Reddit немаат дилема: кој и да го купи – негово е!

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот на Ла Лига ги прозва Сити и ПСЖ: Тоа не е нормално, ниту фер – тоа е измама!

Следно

Џони Деп ги зачуди сите- ѝ прави друштво на Брижит Макрон на Модната недела во Париз (ВИДЕО)

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop