Кумановски села трет ден без струја

July 23, 2026
1 min read

Веќе три дена села од кумановско се без електрична енергија. Невремето предизвика сериозни штети. Освен без струја, дел од жителите, немаат ниту вода. Се снаоѓаат како што умеат. Оштетени се куќи, викендици, амбари, машини. Петровски за среќа спасил глава.

„Јас бев во шталата падна од горе јас мислев гром, оно дрво, паднаа ќерамиди, во другата штала падна друго дрво. Млинот е оштетен, земјоделски алатки и објектите, амбар, помошна просторија, штала, друга, овде гаражите се е оштетено речиси 100 посто“, укажа жител.

„Три дена и без струја и без вода, нема на хидрофори, јас носам од овде од пумпа и за пиење, од нива, навечер на свеќа“, дополни друг жител.

„Страшно ли беше невремето, сила што да ти зборувам многу има тополи паднати, горе има дрвја, има и куќа, тргавме за да може да излезе од врата човек“, нагласи трет жител.

Екипите на електродистрибуција на терен. Но оштетувањата се големи. Без напон останаа над 2.300 трафостаници. Во моментов не работат стотина. Паднатата вегетација ја отежнува работата. Но она што загрижува е најавата за утре. Повторно нестабилно време. Пензионираниот метеоролог Сектирарски сепак смирува, интензитетот ќе биде послаб. Но потенцира да бидеме подготвени на екстремни процеси и во идниот период.

„Невремето кое го имавме сега може да се случи и во следниот период во ова лето, но она што нас не опушта и не тера на некој начин да сме невнимателни е тоа што ваков тип на невреме обично ќе кажеме дека се случува еднаш во десет години. Климата станува поекстремна, поекстремни се појавите, особено во летниот период. А во петок за жал ќе го зафати и целиот Балкан и значително ќе ги спушти температурите, ќе донесе поројни врнежи проследени со грмежи, понекаде во вид на невреме и овој пат ќе ја зафати и западна Македонија“, истакна метеорологот Борис Секирарски.

Жителите продолжуваат да ги пријавуваат штетите. На општинскиот број бележат до сто повици дневно.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Чаир со нова културна иницијатива: Фестивалот „Чаршија“ стартува со богата програма

Следно

Припадник на ќелија „спијачи“ на Хамас работел во луксузен хотел на Крит- подготвувал напад на крузер

Latest from Blog

Божиновска на средба со Ацевски: Секоја забелешка мора да значи конкретна мерка

Божиновска: Ревизорските препораки мора да станат конкретни мерки со рокови и одговорност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски, на која

Хуан Мата ја заврши кариерата

Шпанскиот фудбалски суперстар, Хуан Мата реши да стави крај на неговата богата кариера. Последно тој настапуваше во далечната Австралија, во тимот на Мелнурн Сити, а секако зенитот го имаше во тимот на

6,2 милиони денари промет на Берзата, најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.160,71 поени. Во однос

Божиновска: Македонскиот рубин ќе има свој стандард, сертификација и гарантирано потекло

Божиновска: Од заштита на рубинот кон воспоставување систем што ќе го гарантира неговото потекло, квалитет и препознатливост во светот Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжува процесот за целосна институционална
Go toTop