„Култура“ бара зголемување на платите за 30% – продолжуваат протестите на јавната администрација

January 15, 2025
1 min read

Протестот на јавната администрација продолжи денеска во многу министерства и државни институции. Тие директно бараат од премиерот Мицкоски, Владата и Министерството за финансии да најдат средства за зголемување на платите на 2.447 вработени. Ова зголемување би го оптоварувало државниот буџет со 3 милиони евра годишно. Административците се чувствуваат дискриминирани поради разликата во платите на вработените на исти позиции во други државни органи кои имаат колективни договори.

Платите на 70% од вработените во Министерството за култура и туризам се под просечната плата во државата.

Револтирани од изјавите на власта дека овие протести се политички мотивирани, реагираа вработените кои излегоа пред Министерството за култура со долгогодишни барања. Велат дека Синдикатот на УПОЗ во последните три години одржал 3 штрајкови и 20 протести за покачување на платите за 30%, бидејќи моментално дел од вработените имаат плата од 25 илјади денари, а нивниот просек не достигнува ни 30 илјади денари.

„Протестираме 3 години, но Министерството за финансии наоѓа причини поради недостиг на  буџет и не дава дозвола за потпишување на колективниот договор. Реагиравме и кај другиот владин состав, барањата продолжуваат да бидат исти, тоа е во интерес на сите. Овде на протестот учествуваат вработени од сите партии и не е точно дека има некаква политичка позадина“, вели Лавдим Фаризи.

Од Синдикатот на УПОЗ велат дека ова не е штрајк како што вчера погрешно толкуваше Владата, туку протест. Првиот човек на УПОЗ Трпе Деановски рече дека се уште не се повикани да седнат на преговарачка маса и доколку одлучат да преземат поригорозни мерки ќе штрајкуваат за да го парализираат целиот државен апарат.

Протестите ќе продолжат и утре пред повеќе министерства и државни институции, а централниот говор ќе се одржи пред Државниот завод за статистика во 11 часот. Од синдикалните организации велат дека нема да се откажат од нивните барања, а во петок главниот протест ќе се одржи пред Министерството за финансии.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Владата не ѝ се допаѓаат протестите на УПОЗ, биле политички

Следно

Вевчанци: ДУИ не реагираат на маските за нивниот криминал, а ги нападнаа зомби маските

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop