На Владата не ѝ се допаѓаат протестите на УПОЗ, биле политички

January 15, 2025
1 min read

Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани. Протестите не се најдобриот начин на комуникација, Владата е отворена за постигнување на договор со сите синдикални организации преку дијалог, се вели во реакцијата на Владата.

Во соопштението уште наведуваат:

Секој предлог или сугестија од синдикатите се дискутира, се со цел да се изнајде решение прифатливо и во интерес на граѓаните.

Изминатата година и покрај катастрофална состојба која ја наследивме од претходната Влада, заедно со синдикатите постигнавме договор за покачување на вработените во здравството и образованието, а ги покачивме и пензиите на над 300.000 пензионери линеарно.

Претходната Влада при подготовка на Буџетот за 2024 година не предвидела средства за исплата на К-15 на вработените во администрацијата, при што со ребалансот на Буџетот оваа Влада истите ги предвиде и исплати К-15 за 84.000 вработени во вредност од 1 милијарда денари.

За шест месеци како Влада направивме многу повеќе за граѓаните од тоа што го направи претходната Влада за 7 години.

Владата останува посветена во носење на одлуки во интерес на сите граѓани и зголемување на платите на вработените, но најдобар начин за изнаоѓање на решение на проблемите и различните ставови е преку разговори.

Жалиме што УПОЗ и покрај Економско-социјалниот совет како тело во кое што учествуваат и на кое што секогаш сме дискутирале за сите предизвици, одбраа да протестираат.

Владата докажа и покажа дека е партнер на работниците, затоа потенцираме дека како Влада сме спремни да седнеме на маса и да ги разгледаме сите предлози од страна на синдикатите.

Штрајкот како прво решение не е легитимен чекор и покажува политичка инструираност.

Доколку УПОЗ вистински се грижи за платите на работниците, ги повикуваме на разговор се со цел вистинско изнаоѓање на решенијата. Во спротивно останува сомнежот дека УПОЗ е синдикална организација која обработува за нечии партиски интереси кои не мислат ништо друго освен собирање на ситни политички поени на грбот на граѓаните.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Берово – Струмица

Следно

„Култура“ бара зголемување на платите за 30% – продолжуваат протестите на јавната администрација

Latest from Blog

Телефонски разговор Трамп – Путин

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според

Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во

Селекторот на Парагвај: Моите рани се отворени – крварам

Фудбалската репрезентација на Парагвај се збогува со Светското првенство откако тесно загуби од Франција со 1:0 во осминафиналето во саботата. Моментот на одлука се случи откако Килијан Мбапе го реализираше пеналот досуден

Берлин ѝ оддава почит на САД; Бранденбуршката порта осветлена во боите на американското знаме

Светлосната проекција започна на зајдисонце и траеше до полноќ. „Како симбол на единство и слобода, Бранденбуршката порта силно ги одразува нашите заеднички вредности на 4 јули“, истакна градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер,
Go toTop