Кулеба за кинескиот мировен план: Ѓаволот е во деталите

February 22, 2023
1 min read

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска изјави дека знае за клучните елементи на кинескиот мировен план, но оти ќе треба да го види целиот документ пред да формира мислење.

– Не знам дали има такво нешто во Кина, но во Европа, ја имаме изреката дека ѓаволот се крие во деталите, рече Кулеба во Њујорк пред отворањето на специјалната седница на Генералното собрание на ОН по повод одбележувањето на годишнината од руската инвазија врз Украина.

Украина има свој мировен план, рече тој, кој е поддржан од многу земји.

– Тоа ќе остане наш главен приоритет, но подготвени сме да разговараме со оние кои имаат идеи, додаде тој.

Кина соопшти дека наскоро ќе го претстави планот за намалување на тензиите во војната, заснован на принципот на територијалниот интегритет на Украина, без да даде други детали.

Една година по почетокот на војната, се очекува Кулеба да претстави резолуција до Генералното собрание со која се повикува на мир и повлекување на Москва, пренесе ДПА.

Се очекува Собранието да гласа утре. На настанот се очекуваат десетици говори на високи говорници, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли и германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Петрушевски: Зошто премиерот не предлага нов министер за дијаспора во период кога од одредени држави ни се негира идентитетот?

Следно

Турскиот министер Сојлу: Бројот на загинати во земјотресите се зголеми на 43.556

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop