Кулеба: Украинските пилоти од обуката за Ф-16 ќе се вратат со борбени авиони

August 17, 2023
1 min read

КИEВ (АА) – Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека верува оти украинските пилоти кои моментално се на обука во странство за Ф-16 ќе се вратат во земјата со борбени авиони, пренесува Анадолу.

„Обуката е при крај. Мислам дека украинските пилоти ќе се вратат од обуката со авиони“, изјави Кулеба за украинскиот канал „1+1“.

Тој додаде дека украинскиот претседател Владимир Зеленски ќе одржи состаноци оваа недела за да се забрза процесот на набавка на борбени авиони Ф-16.

„Ќе кажам дипломатски: мислам дека наскоро ќе има добри вести“, рече Кулеба, додавајќи дека верува оти проблемот со набавката на Ф-16 е повеќе технички отколку политички, што вклучува обука на пилоти и инженери, како и подготовка на потребната инфраструктура.

Кулеба рече дека техничките детали за трансферот на Ф-16 се друга работа, но дека ќе победи војникот на теренот.

„А наша задача е тој да има сѐ за да ја постигне оваа цел“, нагласи Кулеба.

Западните земји ја поддржуваат Украина со воена и финансиска помош од почетокот на војната на земјата со Русија на 24 февруари минатата година. Досега не сакаа да испратат борбени авиони во Киев.

Меѓутоа, Данска и Холандија играат водечка улога меѓу западните земји во обуката на украинските пилоти за борбените авиони Ф-16.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„БРАЌА МАНАКИ“ ОТВОРА СО „ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ“ НА ГОРАН СТОЛЕВСКИ, ГОДИНАШНИ ЛАУРЕАТИ СЕ ОСКАРОВЕЦОТ ПИТЕР БИЖУ И ЛАБИНА МИТЕВСКА

Следно

Бугарски милионер убиен и распарчен во Софија: Делови од телото пронајдени во тоалет

Latest from Blog

Начевски: Рударството денес не е исто како порано – Иловица е пример за проект со подобрени еколошки решенија

Современите технологии овозможуваат рударството да се развива со далеку повисоки еколошки стандарди отколку во минатото, смета професорот Горан Начевски. Во своето гостување на Сител ТВ, претседателот на Здружението на металурзи истакна дека

Си-Ен-Ен: ИРАН ЈА ПРОНАЈДЕ СЛАБАТА ТОЧКА НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА! Загрозени милијарди долари

Иранската стратегија да ѝ се спротивстави на воената моќ на САД и нивните сојузници преку нанесување економска штета откри чувствителна точка на глобалната економија, центрите за податоци за вештачка интелигенција, пишува CNN.

Метеж на границите: На „Табановце“ за влез се чека 30 минути, на „Богородица“ за излез околу еден час

На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања
Go toTop