КУЈУНЏИСКИ, ЏЕПАРОСКИ, АНТОНОВСКИ И АВРАМОВСКА ГИ ДОБИЈА ГОДИШНИТЕ НАГРАДИ НА ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИ

February 11, 2025
1 min read

Збирката раскази „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски, во издание на „Антолог“, ја доби наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело, а „Посвети и пофалби“ од Иван Џепароски, во издание на „Дијалог“, наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка во 2024, соопшти денеска претседателот на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), Живко Грозданоски. Наградата „Ванчо Николески“ за најдобро дело за деца и млади ја доби книгата „Бакнежи на небото“ од Иван Антоновски, во издание на „Светулка“.

На конкурсот за наградата „Стале Попов“ пристигнале 11 дела од членовите на ДПМ, а одлуката ја донела жири комисијата од претседателката Лилјана Пандева  и членовите Петар Андоновски и Блаже Миневски. За наградата „Ацо Шопов“ на конкурсот на ДПМ аплицирале 16 дела. За награденото дело одлучила жири комисијата од претседателката Катица Ќулавкова и членовите Гордана Михаилова-Бошнакоска и Влада Урошевиќ. Десет наслови конкурирале за „Ванчо Николески“, а одлучила жири комисијата на претседателката Билјана С. Црвенковска и членовите Мито Спасевски и Александра Велинова.

За четвртата награда, „Димитар Митрев“ за најдобро дело критика или есеистика, конкурирале вкупно девет наслови, а ја доби  „Книжевни паметници“ од Наташа Аврамовска, во издание на Институтот за македонска литература.  Одлука донела жири комисијата од претседателката Лидија Капушеска-Дракулеска и членовите Санде Стојчевски и Дејан Трајкоски.

Добитник на наградата „Мост“ за најдобро дело објавено од член на ДПМ на некој од јазиците што го зборуваат националностите во Македонија е „Била једном једна кућа“ („Беше еднаш една куќа“) од Гордана Јовиќ-Стојковска, во издание на „Слово љубве“.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 13 февруари во 12 часот.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски повторно си игра со рокови: Ограничените маржи во трговијата на мало и на големо ќе траат до крајот на април

Следно

Коцевски по предлогот за разрешување: Моите одлуки се законски, Владата постапила без сите информации

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop