Крвав пир во Хрватска

December 20, 2024
1 min read

Седумгодишно дете е убиено во напад со нож во основно училиште во Загреб, а повредени се пет лица, од кои три деца и двајца возрасни. Полицијата соопшти дека нападот го извршил 19-годишник, кој притоа и самиот си нанел повреди.

Освен повредената наставничка која е во животна опасност, останатите повредени се со полесни повреди. Напаѓачот е под надзор на полицијата. Минисерката за здравство на Хрватска, Ирена Хрстиќ изјави дека е згрозена од нападот. Таа изрази сочувство до семејството на починатото дете, а за повредените рече дека се пренесени во болница. Полицијата во Загреб соопшти детали за нападот.

„Денеска, 20 декември, околу 9.50 часот, 19-годишен хрватски државјанин со остар предмет повреди наставник и неколку ученици во воспитно-образовна установа во месноста Пречко. Напаѓачот е под полициски надзор, а на повредените им е укажана лекарска помош. Едно дете почина од повредите.“- Загребска полиција.

Проговори мајката на напаѓачот, вели спиевме во страв од него и е нестабилен. 

„Го молев докторот да не го пушта од болница затоа што не е способен за излегување. Тој емоционално нестабилна личност, покрај тоа има уште две дијагнози“. 

Претставник на родителите на децата кои учат во училиштето е згрозен од односот на полицијата и властите.

„Не знам како ќе се чувствувате кога дете ви плаче и ви вели тато, бев брза. Не знам што да кажам. Оваа држава ќе ја тужам, на цело одделение му е потребна психолошка помош, доживотно. Властите велеа ова е безбедна држава, каква е оваа држава.“ – Марко Сикирица претставник на родителите. 

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека целата хрватска јавност е згрозена од оваа трагедија. 

„Засега имаме информации дека неколку ученици се лекувани со повреди во загрепските болници. Изразуваме жалење и сочувство до семејствата на повредените деца во основното училиште во Пречко.“ – Андреј Пленковиќ премиер на Хрватска.

Според информациите на полицијата напаѓачот е поранешен ученик кој имал психичко нарушување, а пред околу една година се обидел да се самоубие.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коцевски: Се уште се испитува кривичната пријава на МВР за 8 лица

Следно

По убиството на дете: Во Хрватска утре е ден на жалост

Latest from Blog

„Марив“: Израел врши притисок врз САД за копнена операција врз Иран

Весникот наведува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите советници се за воена ескалација, оценувајќи оти евентуален договор во оваа фаза претставува „јасна победа на Иран“. Неименуван израелски безбедносен извор тврди дека

Мицкоски утре на поставување на камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2”

Утре, 02.04.2026 година (четврток), во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на поставување на камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2” на граничниот

Мицкоски бара да се отворат сите прашања за 27 април, СЈО и работата на обвинителите

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка

„Цела ноќ око не склопив, Италија е во тага“

Фото: https://www.figc.it/ Италија повторно нема да игра на Светско првенство, беше елиминирани после пенали од Босна и Херцеговина во Зеница. „Цела ноќ око не склопив, сè уште не можам да поверувам што
Go toTop