Крушево се соочува со голема миграција

July 4, 2025
1 min read

Миграциите се повеќе ги празнат малите места низ државава. Таков е примерот и со славно Крушево градот на македонската револуционерна борба кој од година во година има се помалку жители.

Младите масовно се иселуваат дуќаните се изретчија велат крушевчани – чаршијата е полупразна, а градот го држат претежно пензионерите. 

Повозрасните жители раскажуваат дека градот е преполовен со население последниве 10ина 15 години. Младите од Крушево претежно заминуваат за Хрватска Словенија, а ги има и низ другите европски држави.

Низ крушевската чаршија, сеуште работат по некој златар,бербер и чевлар. Занаетчиските работилници денес се претворени во колонијали и сендвичари, а дел од дуќаните се и со катанци на вратите. 

Градоначалникот Томе Христоски вели правиме се за да ги задржиме младите дома.Надеж најмногу има во туризмот кој бележи успех последниве години додава Христоски.

И туризмолозите сметаат дека Крушево со историјата архитектурата природата и споменот на нашата звезда Тоше Проески има огромен потенцијал да прерасне во голема туристичка атракција која сама по себе ќе отвори работни места но е потребна поголема промоција и финансиска помош од државата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија изрази претпазлив оптимизам во однос на крајот на 12-дневната војна меѓу Иран и Израел

Следно

Јовева со остри критики пред гласањето за извештајот за Северна Македонија во Европскиот парламент: „Јас ја бирам страната каде што идентитетот и јазикот се оставени на мир“

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со „Зелникот на баба“ стана центар на вкусот и македонската култура

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информираше дека манифестацијата „Зелникот на баба“ годинава ги надминала сите очекувања, привлекувајќи повеќе од 8.000 посетители. Според него, мирисот на тазе печен зелник и звукот на

Меџити: Фитр Бајрам носи порака за мир, солидарност и хармонија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на традиционалната прослава на Фитр Бајрам, организирана од Исламска верска заедница, по покана на Реисул Улема, Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи. „Вечерва го прославивме Фитр

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението
Go toTop