Крос убеден во победа на Германија на Европското првенство

June 8, 2024
1 min read

Фудбалерот од средниот ред на Германија, Тони Крос ги верува дека неговата репрезентација ќе триумфира на претстојното Европското првенство.

– Кој ќе стане европски шампион? Германија! Можеме да се спротивставиме на нашите противници. Одбројувањето веќе започна, сакам да ги одиграм овие последни натпревари во мојата кариера на ист начин како што ги одиграв последните натпревари за Реал, го цитира „Кикер“ Крос.

Германската репрезентација ќе игра во иста група со Шкотска, Унгарија и Швајцарија. Турнирот ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули.

Претходно, фудбалерот проговори за плановите по завршувањето на професионалната кариера.

Со Реал Мадрид, Крос четири пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати Ла Лига, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на УЕФА.

Крос одигра 108 натпревари за германската репрезентација и постигна 17 голови.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожар во автосервис во скопско Ново Лисиче

Следно

„КАКО НЕКОЈ ДА ВЕ ДАВИ“: Селин Дион во болна исповед открива детали за неизлечивата болест (ВИДЕО)

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава
Go toTop