Кривична пријава за вработена во Катастар која ја злоупотребила службената положба

April 5, 2023
3 mins read

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Т.Б. (41) од Скопје, вработена во Агенцијата за катастар на недвижностите за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 став 1 вв став 3 од КЗ.

Пријавената Т.Б. делото го сторила така што од позиција на службено лице во текот на 2015 година, постапувајќи по пријава за отстранување на техничка грешка доставена до АКН од страна на правно лице од Скопје (кое сега во стечај) со датум од 24.04.2015, спротивно на одредбите од Законот за катастар на недвижности и Правилникот за одржување на катастарот, во катастарот на недвижности, за недвижен имот станбено-деловна зграда, извршила промена на сопственоста и упишала реални делови наместо идеални делови.

На овој начин, се наведува во соопштението од МВР, злоупотребувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на своите овластувања, пријавената на горенаведеното правно лице му овозможила спротивно на законот непречено да располага со недвижниот имот, на штета на трети лица кои со правното лице склучиле преддоговор за заедничка градба, иако истата била должна поднесената пријава да ја отфрли како некомплетна.

– Имено, на 06.06.2003 бил склучен Договор за размена помеѓу правното лице во својство на инвеститор и лицата Ж.Ч.Н., Љ.Ј.Ч. и Т.Ч., сите сопственици на земјиште, каде што предмет на Договорот била изградба на станбено-деловен објект, за што од страна на општина Центар на ден 05.03.2014 било издадено Одобрение за градба со кое им било одобрено градење на станбено-деловна зграда во сооднос 70 проценти за правното лице и 30 шроценти на останатите градители. За време на изградбата на објектот, на 24.04.2015, правното лице до АКН поднело пријава за отстранување на техничка грешка, без притоа да ја поднесе соодветна документација, без да приложи било какви списи и без да наведе што точно се бара со исправката на грешка, и по изготвен стручен наод и мислење од страна на стручно лице од геодетска насока предметот бил доставен кај кривично-пријавената на одлучување. Пријавената иако била должна да го отфрли барањето како некомплетно, истата на 29.04.2015, иако не биле исполнети предвидените услови постапила по пријавата за исправка на техничка грешка, и спротивно на Законот во постапка за исправка на техничка грешка извршила промена на податоците на носителите на правата на конкретната недвижност во листовите за предбележување, односно пријавената Т. Б. извршила промена на сопственоста на недвижност, се појаснува во соопштението.

За извршената промена, на 29.04.2015 била издадена потврда за отстранување на грешка и дополнително, а спротивно на Законот за катастар на недвижности, потврдата не била доставена до останатите сосопственици на недвижноста, со што им било ускратено законското право на правна заштита, односно можноста истата да ја оспорат пред надлежен орган. До АКН преку ополномоштен адвокат, од страна на трговско друштво од село Звегор, Делчево било доставено пријава за запишување на промена во катастарот на недвижностите, а кон пријавата како правен основ била приложена пресуда со датум од 27.05.2019 изречена од страна на Основен граѓански суд Скопје.

– Имено, на 20.07.2015 г. помеѓу правното лице од Скопје и трговското друштво од село Звегор бил склучен Преддоговор за купопродажба на недвижен имот согласно кој продавачот, правното лице од Скопје, презел обврска да му пренесе во сопственост на купувачот соодветен дел од објектот, земјиштето под и околу објектот односно да му пренесе во 70 проценти сопственост од изградениот објект, градежното земјиште, паркинг местата и заедничките простории. За исполнување на обврската правното лице од Скопје презело обврска веднаш по добивање на имотен лист како доказ за сопственоста на земјиштето под објектот да склучи главен договор со кој истото ќе му го пренесе во сопственост на трговското друштво од село Звегор. Од страна на трговското друштво од село Звегор објектот бил довршен и при постапката за упис на сопственоста заедно со другите инвеститори во АКН, од страна на трговското друштво од село Звегор увидено е дека постои прибелешка од страна на УЈП, поради што поднело тужба до Основен суд Скопје. По поднесената тужба била донесена пресудата од 27.05.2019 согласно која правното лице од село Звегор се стекнало со право на првенство на укнижување на право на сопственост без товари на реални делови од недвижен имот и оваа пресуда преставува основ за промена во катастарската евиденција во нов имотен лист и издвојување на овој имот од останатиот имот на другите сосопственици, за кои било утврдено истите да го задржат својот идеален дел. Со Пресудата покрај утврденото право на првенство на укнижување и право на сопственост АКН била задолжена да изврши и бришење на сите правни дела-хипотеки и реални товари, запишани по предбележувањето на склучениот Договор помеѓу правното лице од Скопје и трговското лце од с. Звегор, со што е нанесена штета на трети лица. Со горенаведените инкриминирачки дејствија, пријавената постапувајки надвор од границите на своите службени овластувања и злоупотребувајки ја својата службена положба и овластувања, на штета на трети лица, му овозоможила на правното лице од Скопје спротивно на законот непречено да располага со недвижниот со што го сторила кривичното дело “Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 вв став 3 од КЗ, се наведува во соопштението од МВР.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Новинската агенција Анадолу, сигурен извор на вести повеќе од еден век

Следно

Бојко Борисов: Задачата е редовна влада, јас ќе бидам пратеник и лично ќе ги водам преговорите

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Неврохирургот на Заев, Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

Венко Филипче, неврохирургот на Зоран Заев уште еднаш вечерва покажа дека не можеа сам да стои на свои нозе во политиката, велат од ВМРО-ДПМНЕ по внатрепартиските раководни именувања во СДСМ. -По изборот

Костова, дел од раководството на СДСМ: Мизерна е таа лакомост на религиозните

Кристина Костова вечерва е избрана за потпретседател на СДСМ на првата седница на новиот Централен одбор на партијата. Зад Костова која е дел од раководството на СДСМ, како печат стои делувањето во

Туркије: Декларацијата на Алијансата на цивилизации на ОН ја потврди определеноста за борба против дискриминацијата

ИСТАНБУЛ (АА) – Министерството за надворешни работи на Туркије денес соопшти дека посветеноста на борбата против сите форми на дискриминација е нагласена во декларацијата усвоена на Десеттиот глобален форум на Алијансата на

Воениот извоз на Германија во Израел достигна 139 милиони долари, и покрај меѓународната загриженост за Газа

БЕРЛИН (АА) – Германија одобри 131 милион евра (139 милиони долари) воен извоз во Израел оваа година, и покрај зголемената меѓународна загриженост за геноцидот врз Палестинците во Газа, јавува Анадолу. Министерството за

Перински: Состојбата со јавниот превоз не е криза, туку крах

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во вечерашното гостување на телевизија „Алсат М“, состојбата со јавниот превоз ја оквалификува како крах, а не криза. Тој рече дека темата е актуелна веќе неколку
Go toTop