Кривична пријава за „криумчарење мигранти“ против шест лица

January 2, 2024
1 min read

реклама


Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против шест лица за  сторено кривично дело „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2 на територија на Р.Бугарија и Р.Унгарија и тоа против Ц.Н. (23), А.М. (23), И.Б. (20), тројцата од Охрид, како и против А.С. (23), Ф.З. (21), двајцата од Кратово и Б.Д. (25) од Куманово.

Во временски период од август 2021 година до мај 2023 година, со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, сега кривично пријавените, како дел од меѓународна криминална група организирана од лица за кои веќе е поднесена кривична пријава, биле ангажирани во улога на лица кои го вршеле прифаќањето и превезувањето на лицата- илегални мигранти на територија на Р.Бугарија и Р.Унгарија. На кривично пријавените за успешно извршено криумчарење на мигранти им била исплаќана парична надокнада во висина од 1000-3000 евра, во зависност од земјата во која требало да го вршат прифаќањето и превезувањето на илегалните мигранти.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје денеска го дели десеттото место на најзагадени градови во светот

Следно

Изложба на артефакти, фотографии, археолошки материјали во Градски музеј Крива Паланка

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop