Кривичен ја укина пресудата за Даравелски поради апсолутна застареност на делото – решението донесено надвор од главна расправа

March 14, 2023
4 mins read

Според судот, апсолутната застареност на кривичното дело во конкретниот случај со Даравелски настапила на 1 декември 2022 година. Ова беше извесниот исход што се очекуваше откако Даравелски по повеќегодишно бегство на 10 јануари ненадејно се појави на граничниот премин „Табановце“ и самиот им се предаде на македонските власти

Драган Даравелски не мораше да седне ниту на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд Скопје на повторно судење за да слушне дека кривичната постапка против него се запира и пресудата со која беше осуден седум години затвор се укинува поради апсолутна застареност на делото.

Поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски/Фото: Архива

Ваквата одлука претседателот на судечкиот совет при скопскиот Кривичен суд, како што соопштија оттаму денеска, ја донел надвор од главен претрес констатирајќи дека е настапена апсолутна застареност на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, за кое Даравалески се гонеше и беше осуден дека го сторил во периодот од 2001 до 2002 година.    

Сепак, како што се наведува во соопштението, станува збор за неправосилно решение, што значи дека за него ќе треба да се изјасни и повисок суд, но само во случај ако Обвинителството поднесе жалба. Доколку тоа не се случи во рок од три дена, решението на Кривичен по автоматизам станува правосилно, појаснуваат за „360 степени“ од Основниот кривичен суд Скопје.

„Судечкиот совет кој постапува по предметот со К.бр. 414/23 против обвинетиот Д.Д. постапувајќи по обвинителниот акт на ОЈО Скопје со КО бр. 1856/03 од 18.04.2005 година за кривичните дела Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.3 вв со ст.1 и в.в чл. 22 и чл 45 од КЗ донесе неправосилно решение со кое кривичната постапка против Д.Д. се запира поради настапување на апсолутна застареност, а пресудата со К.бр. 809/05 се укинува. Имено, по барање за повторување на постапката против обвинетиот Д.Д., доставено од неговиот бранител на 10.01.2023 година, за кое барање Кривичниот совет со решение КПОВ бр. 40/23 дозволи повторување на постапката, а истото решение беше потврдено  од Апелациониот суд, беше формиран предмет со К.бр. 414/23 кој согласно АКМИС беше распределен на понатамошно постапување. Претседателот на судечкиот совет, надвор од главен претрес, констатира дека е настапена апсолутна застареност за кривичното гонење, на дело сторено во период од 2001 до 2002 година“,

се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

Понатаму во него се наведуваат членовите од Кривичниот законик на кои судечкиот совет се повикал при носењето на решението.

„Согласно член 353 став 1 од КЗ објавен во Службен весник на 29.07.1996 година, а кој бил во важност за време на сторување на делото, ‘службеното лице кое со искористување на својата службена положба или овластување ќе прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета ( став 3) ќе се казни со затвор од 1 до 10 години’. Согласно член 107 став1 од истиот Закон ‘кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат 10 години од извршувањето на делото’, а согласно член 108 став 6 од истиот Закон ‘застареноста на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што се бара за застареност на кривично гонење’“,

Според судот, апсолутната застареност на кривичното дело во конкретниот случај со Даравелски настапила на 1 декември 2022 година.

Ова беше извесниот исход што се очекуваше откако Даравелски по повеќегодишно бегство на 10 јануари ненадејно се појави на граничниот премин „Табановце“ и самиот им се предаде на македонските власти.

Истиот ден, како што се наведува и во соопштението од судот, тој преку својот бранител поднесе барање за повторување на постапката против него бидејќи претходно беше осуден во отсуство.

Во меѓувреме, тој беше спроведен во скопскиот затвор „Идризово“, каде што помина 35 дена, по што беше пуштен на слобода на 15 февруари.

Неговото појавување и постапките на судските власти во неговиот случај отворија низ прашања, а главното меѓу нив беше кога Даравелски дознал за пресудата бидејќи според законските одредби доколку тој знаел дека е осуден пред повеќе од една година, ќе му беше ускратено правото да бара повторно судење.

Апелацискиот суд како и Основниот кривичен суд Скопје му дозволија на Даравелски да добие ново судење повикувајќи се на законската одредба дека од моментот кога тој дознал за пресудата до моментот кога го поднесе барањето (11 јануари 2023) не поминало повеќе од една година.

Имено, според Апелацискиот суд Скопје, тој дознал за пресудата кога се појавил во затворот „Идризово“.

На ова прашање никакво влијание немаше ниту податокот дека поранешниот директор на Царинската управа уште во 2009 година барал помилување од тогашниот претседател Бранко Црвенковски за правосилната седумгодишна затворска казна, информација што ја објави ТВ Телма.

Барањето за аболиција било поднесено од него до Црвенковски само неколку дена пред завршувањето на мандатот, за што телевизијата добила потврда и од претседателскиот кабинет. Барањето, тогаш, Црвенковски експресно го одбил.

Овој момент воопшти не бил разгледуван од судиите на Апелација иако тоа наведува дека Даравелски уште пред 14 години знаел дека е осуден, а не дека за тоа дознал во јануари годинава.

Според нив, Даравелски дознал дека е осуден на капијата на „Идризово“ и како релевантна ја сметаат само неговата изјава во однос на денот кога дознал дека е осуден.

Дека неговите колеги судии донеле правилна одлука неодамна на брифинг со новинарите посочи и претседателот на Кривичен, судијата Иван Џолев. Според него, судиите донеле правилна одлука бидејќи биле земени предвид ставот 1 од членот 456 од Законот за кривична постапка (ЗКП) и ставот 2 од член 3 од Вториот дополнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција.

Одредбата од ЗКП значи дека осуденик може да побара ново судење ако од моментот кога дознал за пресудата до моментот кога го поднеле барањето (во случајот 11 јануари 2023 г.) не поминало повеќе од една година. Со други зборови, тоа би значело дека ексдиректорот на Царина дознал за пресудата во периодот од јануари 2022 до јануари 2023.

Околу дилемата како судиите поверувале дека Даравелски дознал за пресудата во последната година ако се има предвид дека во Србија беше во екстрадициски притвор врз основа на потерница распишана од македонска страна, првиот човек на Кривичен се повикува на Европската конвенција за екстрадиција односно во нејзините одредби во членот 3 дека известувањето за пресудата кое лице ќе го добие во екстрадициски притвор нема да се смета за формална нотификација.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ние, Другите, што не сме доволно бели

Следно

Почнуваат поединечните нарачки и испораки на турскиот автомобил ТОГГ, одредена е и цената

Latest from Blog

Парламентарните групи за соработка како мост за приближување со Чешка

Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Чешката Република оствари средба со Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешка. На средбата присуствуваше и чешкиот

Бојко Борисов се повлече: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава!

Не сакам веќе да се занимавам со оваа разрушена држава. Категорично ја повлекувам кандидатурата. Чекаме премиер со еквидистанца. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој со олеснување ја повлекува својата

Промотивно видео: „Триатлонот ги инспирира девојките и жените на сите нивоа“

Македонската триатлон федерација го претстави своето ново инспиративно видео, кое ја истакнува важноста и улогата на жените во триатлонот – од спортистки и судијки до тренерки и раководни фигури. -Ова видео ја

Израелскиот Кабинет ќе гласа за договорот за прекин на огнот во Либан

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот Кабинет треба да се состане денес за да гласа за предлогот за прекин на огнот со Либан, поддржан од САД, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу. Израелскиот јавен сервис

Меџити: Владата повторно ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за нафта

Владата ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за набавка на нафта, вели министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. -Целта на оваа Влада е
Go toTop