Кривичен: 30 дена куќен притвор и дополнителни мерки на претпазливост за Незири и тројцата осомничени за упадот во М-НАВ

January 11, 2024
1 min read

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје попладнево на четирите лица поврзани со случувањата во М-НАВ им определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена, како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот. Меѓу четирите лица е и Бекир Незири, советник во М-НАВ и член на ДУИ.

-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, денеска, одржа седница во присуство на странките кои побараа јавна седница, а во однос на жалбите изјавени од јавниот обвинител против решенија на судии од претходна постапка од 04.01.2024 година со кои на четири лица им се определија мерки за претпазливост поврзани со случувањата во М-НАВ, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

Советот, како што е наведено во соопштението, ценејќи ги приложените факти и докази во жалбата на обвинителот и одговорите на жалбата од страна на одбраната, а имајќи ги и предвид наводите во решенијата од претходна постапка, донесе одлука со која: жалбите на јавниот обвинител делумно се прифаќаат и донесе решенија со кои на четирите лица им се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена, како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и Забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот.

Од Судот посочуваат дека надзорот над куќниот притвор, согласно решенијата е во надлежност на МВР, а против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата.

-Заради доследно информирање на јавноста и сузбивање на сите шпекулации и недоразбирања, сметаме дека е потребно да нагласиме дека според сите досега доставени факти и податоци, конкретниот настан не се случил во контролната кула, односно просторијата од каде се врши навигацијата, туку во просторијата која е одвоена со најмалку две безбедносни влеза пред кулата. Но, како што нагласивме во претходното соопштение, факт е дека  осомничените презеле одредени дејствија кои е потребно дополнително да се истражат за да се утврди фактичката состојба. Заради сето тоа, Советот донесе решенија за определување мерки со кои ќе обезбеди дополнителна гаранција за понатамошната достапност на овие четворица осомничени, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривичен определи куќен притвор на четворицата поврзани со инцидентот во М-НАВ

Следно

Фифти Сент најави година без секс

Latest from Blog

Ирански медиуми тврдат дека новото видео на Нетанјаху е направено со вештачка интелигенција

 Иако најновото видео од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во кое тој посетува кафуле, требаше да ги побие гласините за неговата смрт или повреда, се покажа дека е лажно и генерирано од вештачка

„Да споменуваме дека имаме чета ангели на небото и да се гордееме што ги имавме со нас“

Помина една година, а раните не само што не се затвораат туку стануваат подлабоки и пострашни. Годината што измина само успеа да го соочи Кочани со страшната вистина дека засекогаш ги нема.

Една година од трагедијата во Кочани

Една година по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, градот и семејствата на жртвите и понатаму живеат со болката од најголемата трагедија
Go toTop