Крилото на Таравари: „Одлуката на Основниот суд Тетово е чист чин на заробена правда“

February 12, 2025
1 min read

Одлуката на Основниот суд во Тетово, која се обидува на ДУИ да му ја поклони Алијансата за Албанците, е чист пример за политичко заробување на правдата. Ова е чист чин на партиско судство кое се обидува да манипулира со волјата на граѓаните и една политичка партија да ја претвори во воен плен на Али Ахмети, реагира крилото на Арбен Таравари.

-Испраќаме јасна порака до судијата Илир Реџепи и кланот на Зиадин Села: вашиот обид за криумчарење на Алијансата за Албанците, ќе пропадне! АА е на народот, на членството и на луѓето со достоинство, кои не се продаваат за грст привилегии како вас. Уште од самото основање, идеалот на Алијансата за Албанците беше соборувањето на криминалниот режим на Али Ахмети, кој поради коруптивни мотиви сериозно ги наруши интересите на Албанците. Овој свет аманет, го тера до крај легитимниот лидер на АА, Арбен Таравари, кој ја презеде не свои плеќи целосната одговорност на достоинствено застапување на Албанците во владеењето. Скандалозната одлука на судијата Реџепи ќе се најде повторно во Апелациониот суд. До конечна одлука со која ќе се воспостави правда во државава, ги оставаме Села и неговата клика да се самозадоволат со имагинарните печати на судијата Реџепи, рекоа членовите на партијата.

Посочија дека за состојбите во правдата, зборуваат самите граѓани и меѓународните организации.

-Само 2 отсто од граѓаните му веруваат на судскиот систем, а во последниот извештај на Транспаренси интернешнал остро се критикуваат скандалозните измени на Кривичниот законик со кои се овозможи амнестија на стотици поранешни функционери на режимот на Груевски. Оваа политичка одлука на судијата Реџепи уште повеќе не мотивира за вршење длабоки реформи во правосудтсвото. Иницијативите за разрешување на главниот обвинител и на петте членови на Судскиот совет се важни чекори кон воспоставување на владеење на правото и интензивирање на борбата против криминалот и корупцијата. Против судијата Реџепи ќе биде поведена постапка за отчетност, истакна членовите од крилото на Таравари.

Посочија дека правдата нема да остане заложник на политички пазарења.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вулканот Килауеа на Хаваите повторно почна да исфрла лава

Следно

Зијадин Села: „Јас сум претседател на Алијанса на Албанците“

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop